Leave a comment...

Андреја Дамјанов / 1813 – 1878 /

Андреја Дамјанов (с. Папрадиште, 1813-Велес). Се јавува како најплоден и најпознат македонски градител во XIX век. Потекнувал од познатото уметничко семејство Рензовци. Неговата свера на творештво главно била насочена кон сакралната архитектура, но проектирал и објекти од профеаната архитектура. Негови познати остваруваања во Македонија се:

1836  – црквата Св.Јован во Кратово,

1840 – црквата Св. Пантелејмон во Велес,

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

1843 – црквата Св. Никола во Куманово,

1845 – големата црква во манастирот Св.Јоаким Осоговски,

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

1850 – црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Штип

andreja damjanov osnova'

Во обликувањето на овие цркви се забележуваат одредени специфики коишто претставуваат потомок на традиционалниот тек  на поствизантиската архитектура во Македонија, карактеристичен за XVIII и првата половина на XIX век. Неговото реноме како голем мајстор-градител бргу се раширило и надвор од границите на својата земја. Следувала изградба на цркви во Србија ( Смедерево 1855, Сооштествие на Св. Дуџ во Ниш, 1857 – 72, во Пирот, 1868, како и две цркви во околината на Лесковац) и во Босна и Херцеговина ( Големата православна црква во Сараево,1863-68, во Мостар, 1873 и Чајниче).

Saborna_crkva_u_Nisu1

 

Cathedral_of_Saint_George,_Smederevo

 

640px-Orthodox_Cathedral_of_the_Holy_Mother_of_God

Во овие објекти се следат и почитуваат одредени романтичарски поставки коишто се презентирани низ јасната тенденција за примена на старите архитектонски стилови. Тука се употребени темите од историјата коишто епохата а романтизмот ги барала и нудела како програма на својот историцизам којшто не успеал да влезе во областа на еклектичкото имитирање.

potpis damjanov-13072013070911

Во Сараево изградил касарни за кои бил посебно обликуван од султанот во Цариград. Освен со градење се занимавал и со живопис. Бил вешт и даровит каменорезец. Она што посебно му дава бечлег на неговото творештво е неговата боагата имагинација којашто била инспирирана од домашното иворно градителство (работел во тајфат на својот татко кој бил исто така градител) и истата транспониран во смелите просторни зафати на своите, веќе сесомеа оргинални дела, од што може без сомневање да се заклучи доминацијата на македонската сакрална архитектура на Балканот.

The-125-Years-of-Death-of-Andreja-Damjanov

Синовите на тројцата од четирите браќа Дамјанови, Јаков и Јанко на Ѓпрче, Даме и Иван на Андреја, Петар и Наце на Никола ја продолжиле традицијата на своите родители

Текстот е превземен од книгата „Градителите на Македонија XVII-XX век”, од проф. Георги Константиновски, со личнo одобрение од авторот.

Share This:

Коментарите се затворени.