Leave a comment...

Аритектонско истражување – Македонска опера и балет / Златев и Радовиќ

ТЕОРИЈА НА АРХИТКТУРАТА

Студенти: Дамјан Златев и Лука Радовиќ

Педагошки тим: проф. д-р Анета Христова – Поповска

Година: 2016/2017

Извор:  Архив на Македонска Опера и Балет; Изложба на идејни проекти – Април. 1970 / Културен центар во Скопје; „Херои за еден ден – Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“; „ Наоди: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба, Биенале во Венеција | 2014“ ; Орис шифра „ Метрум“; “For the love of architecure ” – Биро 71; www.ostarchitektur.com; www.mk.wikipedia.org; www.mkd.mk.

Постземјотресно Скопје поставува високи архитектонски цели кои во тој период продуцираат извонредни архитектонски и урбанистички зафати повлијаени од критиката на повоеното урбанистичко планирање и од доцномодерната парадигма во обликувањето на градскиот простор. Иако нецелосно завршени тие претставуваат значаен сведок за трасирањето на развојот на тогашниот замислен доцномодерен град и архитектонска естетика. Најтесното градско централно подрачје на левиот брег на реката Вардар поседува еден од најрепрезентативните објекти на модерната архитектура во Македонија – Македонска Опера и Балет. Ова извонредно дело на словенските архитекти од “Биро71” одспротива визуелно се сретнува со другиот претставник на модерната архитектура на 20-ти век во Македонија – Градски трговски центар. Од западната страна се граничи со Дау-пашиниот амам и Комерцијално-инвестиоциона банка; на исток и на север е врамена со ул. „Стив Наумов„ (денешна Филип Втори) и со бул. „ Гоце Делчев“, додека на југ се отвара кон кејот на реката Вардар. Во објектот се пристапува од јужната страна преку пешачката платформа или од подземното паркиралиште.

ХРОНОЛОГИЈА НА ОБЈЕКТОТ

  • 1967 – Формирање на Одбор за изградба и Комисија за распишување на и спроведување на Конкурсот за Културниот Центар
  • 1967 – Распишување на општ и анонимен Југословенски Конкурс за архитектонско-урбанистичко решение за Културен Центар
  • 1968 – Изложба на пријавените трудови во просториите на Архитектноско-Градежниот факултет-Скопје и прогласување на прва награда – МЕТРУМ
  • 1969 – Изготвување на идејни и главни проекти и одбирање на проектантски тим – “Градежно претпријатие БЕТОН” и “Македонија-Проект”
  • 1972 – 1973 – Започнува етапна изградба на Културниот центар водено според можностите на градот и Републиката. Во почетна фаза влегува изградбата на МОБ , Музичките училишта и Комерцијално Инвестиционата Банка.

 

КОМИСИЈА ЗА РАСПИШУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ 

Брошурата за Идејните проекти за Културниот Центар е богата со хронолошки дефинирани информации почнувајќи од самиот почеток и иницијативата од страна на МНТ за формирање на Комисијата за Распишување и Спроведување на Конкурсот, членовите на Комисијата, членови на Одборот за Изградба, состав на Комисијата за ревизија на објектите, Организација за Инвестиционо техничка документација.

извадок од Брошурата за Идејните Проекти на Културниот Центар воСкопје издадена во 1970 година

Од Записниците на Комисијата за распишување и спроведување на Конкурсот дознаваме за редоследот на прашањата поврзани со објавувањето на конкурсот, примање и оценување на конкурсните трудови, избор на целокупниот стручен кадар кој учествува во проектирање, изградба, ревидирање, надзор итн. Во конкретниот записник од шестата заедница дознаваме за конечната одлука за објавувањето на конкурсот и периодот за негово објавување.

извадоци од Записниците на Комисијата за распишување и спроведување на Конкурсот

Завршниот извештај од 1980 година за Културниот Центар претставува хронолошки опис за сите информации активности и одлуки поврзани со самиот почеток и иницијативата од страна на МНТ за формирање на Комисијата за Распишување и Спроведување на Конкурсот, членовите на Комисијата, членови на Одборот за Изградба, состав на Комисијата за ревизија на објектите, Организација за Инвестиционо техничка Документација, Главни Проектанти и нивни соработници, алокација на средства за изградба на комплексот, финански извештаи и сличнно.

извадоци од Завршниот Извештај на Одборот за изградба на Културниот Центар

првата страна на официјалниот КОНКУРС објавен на 27.10.1967 г.

ПРВОНАГРАДЕН КОНКУРСЕН ТРУД- “МЕТРУМ” – БИРО 71

Автор на објектот МОБ е словенeчката фирма „ Биро 71“ која што е составена од седум дипломирани инженери по архитектура. Во изработката на конкурсното решение на Културниот центар учествувале самите основачи на бирото, Штефан Кацин, Jуриј Принцес, Марјан Уршиќ, со голема помош од страна на нивните соработници Роман Цизеј, Отон Гаспари, Петар Зиданиќ и Петар Кершеван. Во фазата на изработка главен проект како главни и одговорни проектанти се јавуваат Штефан Кацин, Богдан Спиндлер, Jуриј Принцес, Марјан Уршиќ. „Биро 71“ со седиште во Љубљана проектирале низа на општествени објекти меѓу кои се познати и здравствени установи како „ Болница Др. Франк Дерганк“, „Болница Норлиск“ во Русија, „ Клиника – Педијатрија“ во Љубљана, Клиника Болчница“ во Дубрава и др.

Студио 71 – Jуриј Принцес, Марјан Уршиќ, Богдан Спиндлер, Штефан Кацин

Концептот на Културен центар бил сочинет од бели архитектонси скулптури који формираат една просторна целина во која централна улога има зградата на Македонска Опера и Балет. За целосно разбирање на организмот на театарската зграда односно Македонска Опера и Балет, неизбежно е да се објасни идејата за Културниот центар како една обединувачка урбана целина (сегмент од градот што не може да се сведе на изолирани објекти, туку на објекти кои влегуваат во меѓусебен однос, едни со други и со целината).

ситуација на Културниот центар – петта фасада

Културниот центар бил замислен како еден целосен урбанизам, како “град во градот” во кој фигурираат 5 основни објекти – Филхармонија (Ф), зграда на опера и балет при МНТ (О), зграда на музичките и балетските училишта (М), кино сала (К), трговија и анекс на Комерцијална банка (Б). Со присуството на многу пратечки содржини и програми се образува голем потенцијал овој центар да прерасне во средиште на културниот живот.

Со својата геометрија објектите формираат една специфична архитектонска топографија, која заедно со динамичната платформа во средиштето се спушта кон коритото на реката Вардар. На тој начин се формира отоворен јавен простор каде се сместува плоштадот кој има функција и на надворешен аудиториум. Овој проект е еден од ретките што покажува почит кон пејзажот и реката со својата атифициелна топографија, која дополнително го поврзува објектот со платото и јавниот простор.

макета изработена во размер 1:200 изложена на презентацијата на конкурсните трудови во Архитектонско-градежниот факултет во Скопје

Македонската опера и балет е мултидисциплинарен објект, од што произлегува и неговата сложена програма, а и форма. Проектиран на нето-повшина од 16 000 м2, предвиден е да обезбеди работни простори за Драмата (основана во 1945 г.), Операта (основана во 1947г.) и Балетот (основан во 1948г.). Објектот е поделен на дел за посетители и работен дел, кои се обединуваат кај сцената и гледалиштето.

Просторот за посетители е волуменски репрезентативен и обликовно екпресивен. Тој е богато третиран во однос на површината, висина и кубатурата по посетител. Фоајеата, скалите, холовите и галеријата се драматични простори, кои во својата закривена геометрија се приспособуваат кон постојаните драматични промени на структурата (на формата), создавајќи целосно совпаѓање на архитектонскиот јазик на ентериерот и екстериерот на објектот.

Работниот дел решен во една ортогонална шема е сложен организам што во себе ги содржи потребните: сали за проби и хорот, оркестарот, балетски сали, простории за групни проби, оперски студиа, клавирски студија за корепетиција, просотр за проби на ансамблите, работни простори за диригенти, режисери, сценографи, костимографи итн; како и соодветен број гардероби, гримиорни, санитарии, работилници, сцански складови, простор за администрација, архива, библиотека и сл. Во објектот се предвидени и сите видови работилници за изработка на декоративна и костимска опрема, како и потребниот магацински простор за сместување репертоарната опрема.

Фоајето е голем , волуменски репрезентативен и обликовно екпресивен простор наменет за публиката, кој ја воведува кон двете сали – гледалиштето на големата сцена и мобилниот аудиториум на малата сцена.

Во внатрешноста на гледалиштето на големата сцена продолжува сложена архитектонска топографија, тука почетната геометрија се фрагментира со цел да обезбеди подобар звук.

големата сала е проектирана со капацитет од 781седиште , односно 1008 при драмски претстави

основа на сцена, фотографија од сцена, оркестарско-оперска сала

ИЗВЕДБА НА ПРОЕКТОТ

Денес Културниот Центар постои со 3 од планираните 5 објекти. После неколку седници одржани од Одборот за Изградба дискутирано е прашањето за кои објекти се примарни во градежниот процес па така било заклучено дека активностите на филхармоијата би можеле да бидат алоцирани во зградата на балетот (Подолго време своите настапи филхармонијата ги одржува во салата на Дом на АРМ (тогаш ЈНА)), а изградбата на киното не е реализирана.

Во однос на промените при изведбата на новата зграда на Македонска опера и балет, забележуваме разлики во типот на скали (еднокраките се заменети со двокраки и обратно), како и зголемување и намалување на простори во работниот дел. 

„МОБ“ ВО ДЕНЕШНИОТ ГРАД

Со новиот урбанистички план на Скопје, се јавуваат низа промени при партерното уредување и околното ткаење. Некогаш планираната урбана структура која налагала целосна отвореност кон кејот на реката Вардар, а со тоа постепено намалување на висината на објектите кон самиот кеј, е заменета целосно нова урбана структуракоја што го оградува објектот на Македонска опера и балет, правејќи го речиси невидлив од другата страна на кејот. Партерот што е предвиден во основниот проект веќе не постои и е прилагоден на денешните новоизградени објекти според кејот на реката Вардар, содржејќи инфраструктурни елементи кои целосно го менуваат доживувањето на објектот.

ситуација – денес

споредба МОБ пред и по последните интервенции околу него

ОБЈЕКТ ОД КУЛТУРНА ВРЕДНОСТ

Зградата на Македонска опера и балет и самата претставува скулптура со силен експресивен и драматичен карактер. Тој е нагласен од потполното отсуство на боја и чувството на масивноста које ни го дава бетонот формирајќи еден нов бел пејзаж инкорпориран во ткивото на градот.

Oбјектот како архитектура пред своето време предизвикува серија противречни реакции и е еден од најконтроверзните објекти изградени во постземјотресната обнова на градот поради тоа што е во голема мера различен од социјалната, културната и физичка слика на околината. На него може да се гледа како на претходник на деконструктивизмот во архитектурата и на концептот на архитектурата како топографија.

Со денешната урбана структура на целосно изграден кеј, со објекти со големи висини поставени долж, МОБ ја губи целовитоста во својата урбана намера на благо висинско спуштање кон кејот со голема пејзажна, екпресивна вредност. Околината повеќе не одговара на неговата оригинална замисла да го дополни пејзажот со својата архитектонска топографија и тектоника, и да создаде јавен, атрактивен простор со богата програма.

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

Share This:

Коментарите се затворени.