Leave a comment...

Архитект ПЕТАР МУЛИЧКОСКИ 1929

Извор: Архитектурата на почвата на Македонија, од средината на XIX до крајот на ХХ век – Книга 14 , МАНУ, 2006, Oldprilep.com, Wikipedia, Филип Конески/фото/.

Творештвото на архитектот Петар Муличкоски е мошне разновидно и опфаќа од урбанистичко и архитектонско проектирање и ентериери до меморијална и пејсажна архитектура, а може да се истакне и неговиот специфичен израз во негувањето на цртежот што е една од спецификите на неговото воспитание како архитект од класата на проф. Едо Равникар на Љубљанскиот универзитет. Се занимава и со научноистражувачка работа и со публицистика, долгогодишен професор во областа на урбанизмот на факултетот во Скопје, каде ги пренесува искуствата од своите професионални посети на архитектонските бироа на светски познатите архитекти од САД. Повеќето од неговите креации се со антологиска вредност.

Неговите урбанистички проекти, се вреднувани и наградувани на јавни конкурси, се однесуваат на значајни и разновидни градски содржини во различни географски, историски и урбани средини, ја потврдуваат умешноста на авторот во надоврзување на постојните градски матрици и структури како континуитет во поврзувањето на старото и новото, почитувајќи ја постоечката состојба и духот на срединатанадополнета со нови просторни содржини и амбиенти.

Петар Муличкоски е роден 1929-та година во Прилеп каде го минува раното детство и средношколските денови. Во периодот од 1949 до 1957 студира Архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Во 1959-та е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Со понатамошно лично надградување цо 1967 е избран за доцент, а во 1978 за редовен професор на истиот факултет. Како професор држи настава во сите области на научниот урбанизам по дисциплини:

o Урбани елементи и техника на урбанизам

o Уредување и обликување на градовите и населените места

o Урбана реконструкција и обнова на градови и населени места

P10105f70

Неговата теоретска подлога е поврзана со престојот во некои светстски архитектонски бироа во САД. За време на својот студиски-постдипломски престој во Калифорнискиот универзитет во Беркли работи во тим на проекти: Bay area outer ring study. На истиот универзитет во 1964-та ја дава и специјализацијата за регионално просторно планирање. Престојува и на Универзитетот Харвард во Масачусетс во 1965-та во студиото на Фенк Лојд Рајт во Аризона, а таа година и во школата на Мис Ван дер Рое во Чикаго – Институтот за Технологија во Илиноис, а потоа и во студиото на Чарлс Имс во Чикаго. Своето усовршување го надоволнува со стручни престои во Шведска, Данска, Швајцарија, Италија и Грција, проучувајќи актуелни проблеми поврзани со неговиот професионален интерес.

Посебна преокупација на архитектот Муличкоски претставува архитектонското проектирање во кое внесува нови сознанија како резултат на сестрани истражувања: историски,психолошки,ликовни… Така во делата на Муличкоски покрај сеопфатната градежно-техничка дисциплина , надоградена е уште една креативна снага – уметничката компонента. Оваа особеност е карактеристична за неговите реализирани објекти, користејќи го природниоткарактер на градежните материјали: бетон, стакло, метал, дрво и тула, видливи со својата природна структура, текстура и боја.

Карактеристика во делата на Муличкоски е и забележителната интелектуална поврзаност со традицијата и градитеското културно наследство, со очигледен истражувачки напор на авторот како предизвик во барањето оригинални решенија со трајни вредности.

Нема сомнение дека современите светски тенденции во архитектурата извршиле влијание врз творештвото на Петар Муличкоски. Во неговите дела посебно е забележителна функционалноста и специфичноста на конструкциите, и објектите поседуваат чист и јасен архитектонски израз на конструктивизмот и новиот брутализам, едниот направен од метал,бетон и стакло со “ѕидна завеса” ( Палата на управата) и другиот во натур-бетон , оригинален претставник на новиот брутализам (Спомен-костурница во Кавадарци).

Тој исто така на интегрален начин ги трансформира традиционалните архитектонски решенија во белези и значки и истите се аплицирани во вид на : семантички знак – симбол или орнамент вграден со цел да се почувствува конинуитетот на градителската традиција. Нивната примена има со цел да се создаде – обележи регионалниот карактер на средината, етничкиот идентитет, историјата..

Внесувањето на синболизмот и орнаментот во делата на Муличкоски е повеќе од значајно, бидејќи тој е еден од ретките современи македонски автори, кој умешно и доследно го спроведува. Овие особености ја надоградуваат композицијата, сликовитоста на формите и површините, асоцирајќи на минатото кое ќе комуницира континуирано со сегашноста, со јасни пораки во меморијата кои остануваат како забележителни трајни вредности.

Позначајни изведени објекти:

o Палата на управа, кејот на реката Вардар во Скопје (порано зграда на ЦК СКМ, денес Влада на Република Македонија) – Скопје, 1970 година.

3-3-770x527

o Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, 1971 година.

NUB MK Petar Mulickoski

Nacionalna biblioteka

o Деловна зграда на „Симпо“ во Врање – Србија, 1975 година.

simpo-investicije-1393699511-454089

o Спомен-костурница во Кавадарци, 1974 година.

МАРХ_Костурница-Кв-П-Муличковски-2

o Стопанска банка во Скопје -1974 година.

ac52a4b7-14ec-468d-8d01-5b3444495e46-stopanska-banka-skopje-so-profit-od-133-milioni-evra-159815

o Куќа за одмор во Маврово -1980 година.

o Судска палата во Кавадарци.

o Културен дом во Кавадарци.

o Општинска зграда „Чаир“ во Скопје.

Cair_Mulickoski

Научноистражувачката работа на Муличкоски е насочена кон проучувањето на македонските градови и традиционалната архитектура од кои области објавил две книги:

* “Духот на македонската куќа” (2000)

KREATIVNIOT DUH NA MAKEDONSKATA KUKJA

* “Духот на македонскиот град” (2002)

kULTURA NA PROSTOROT_PETAR MULICKOSKI

За своето дејствување е добитник на јавни, општествени и професионални признанија, меѓу кои и „Повелба за животно дело со името на Андреја Дамјанов – 1995 год. (за заслуги во градењето на редот и за извонредност во македонската архитектура). За широката публика во светот тој е репрезент на нашата архитектура во многу списанија и енциклопедии. Добитник е на десетици награди меѓу кои најзначајни се:

o Награда “11-ти Октомври” (1970)

o Награда “Климент Охридски” (2003)

o Нагрда “13-ти Неоември” (1999)

o Награда “Андреја Дамјанов” (1995)

o Сребрен медал и почесна диплома од светското триенале за архитектура (2003)

Материјалот го приложи и обработи: Стојаноска Софија

 

Share This:

Коментарите се затворени.