Leave a comment...

„БЛ МОДЕЛ“ НА РАСТЕЧКИ СТАН / ЗАВОД ЗА УРБАНИЗАМ И СТАНБEНО КОМУНАЛНА ТЕХНИКА НА СРМ – СКОПЈЕ

Автор: Радоњиќ Миродраг – Бато, Николоска Лилјана

Година на проектирање: 1983/84

Извор: каталог на БИМАС 3 – 1985г.

Од истражувањата вршени во областа на човековите потреби,  во домувањето, произлезен е „БЛ“ моделот, кој со својата функционална организација овозможува можности за раст од стан  за 3 + 1  до стан за 5 + 1 член. Имајќи ја во предвид просечната големина на нашето семејство, овој обем го опфаќа најзастапениот дел од структурата на потребните станови.

Функционалната и просторна организација на моделот се базира брз стрикна поделба на дневен и ноќен (бучен и мирен) дел. Поделбата е извршена со централна поставка на економскиот блок.untitled-2Дневниот дел и економскиот блок го сочинуваат „Јадрото на развој“ додека спалниот тракт претставува „Растечки елемент“.

3

Испитуваниот модел се применува во варијантни решенија на колективни станбени објекти за потребите на СИЗ за становање – Скопје.

4567

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

Share This:

Коментарите се затворени.