Вера Ќосевска / 1929 –

Куса биографија

Ќосевска Вера (родена Ротман), родена е на 27 март 1929 год. во Осијек – Република Хрватска. Ќерка е на Јелка и Стјепан Ротман, а сопруга на (+) Владимир Ќосевски, дипл. инж. арх. Живее со семејството на синот Стевчо Ќосевски.

Сo архитектура и градежништво се запознава уште во детството. Вујко и (брат на мајка и Јелка) бил инжинер-архитект, кој живеел во Загреб, но градел многу објекти во Осијек. Таа често одела со него на градилиште каде гледала како мајсторите работат.

Кога требала да одлучи за својата идна професија, немало дилема – се одлучила за Архиттектура

3

Детална професионална биографија

Образование и напредок во професијата

Основно образование завршила во Осијек, а гимназија учела во Загреб и Белград, каде положила матура во јуни 1948 година. Во септември 1948 год. се запишала на Архитектонски Факултет при Универзитетот во Белград, каде дипломирала на 25 јуни 1953 год. со одличен успех, во класата на професор арх. Станко Клиска, со проект: Болница за костнозглобна ТБЦ во Калиште на Охридското Езеро.

По дипломирањето со сопругот доаѓа во Македонија и на 1 август 1953 год. се вработила во проектантското биро на Македонија “Проектант” во Скопје.

Во 1954 год. со сопругот го оформиле првото проектантско биро при Општинското Собрание во Охрид. Работела и во секторот за урбанизам и архитектура во Собранието на скопската околија. Од 1959-1961 работи во проектантско претпријатие “Агропроект” во Скопје, од каде преминала во ООЗТ “Пелагонијапроект”, кое било оформено по спојувањето на “Проектант” и ГРО “Пелагонија”. Тука работела се до пензионирањето.

На 30 јуни 1959 год. положила државен стручен испит со кои ги стекнала овластувањата за проектирање и за градба на објекти од сите области на високоградбата.

Во текот на професионалната активност ги поминала сите стручни скалила:

  • Проектант соработник од 1 август 1953 година
  • Самостоен проектант од 1 декември 1959 година
  • Одговорен проектант од 23 јули 1960 година
  • Главен проектант од 10 октомври 1975 година
  • Раководител на архитектонско биро со 50 архитектонски профили

од 1 ноември 1979 год. до пензионирањето на 27 март 1989 година

Стручни престои во странство

  • Италија – во Реџио Емилија, во 1960 година
  • Франција – во Париз, во 1961 година
  • Англија – во Лондон, во 1962 година
  • Германија – во Берлин, во 1965 година
  • Шведска, Норвешка, Данска и Финска, во 1967 година
  • Јапонија – во Токио и Хонг Конг, во 1969 година

Во текот на професионалната кариера учествувала со своето искуство од актуелните архитектонско – урбанистички теми на разни советувања, симпозиуми и конгреси кои се одржувале во градовите на СФРЈ, во Загреб, Белград, Љубљана, Нови Сад, Опатија, Ровињ и други.

Од 1974 – 1978 год. одржан е циклус од три советувања за станбена изградба во Белград, Сплит и Опатија, каде ги презентира своите искуства за станбената изградба во Македонија.

4

Завршени проекти во текот на професионалниот работен период

Во својот професионален работен век работела проекти од скоро сите области на архитектонското проектирање. Изработила приближно 150 проекти од кои 103 се реализирани, а 48 проекти не се реализирале од разни причини.

Референци на изработени проекти

   Урбанистички проекти

*- Реонска рударска населба на кос терен во Пробиштип – 1953 година

*- Предлог урбанистички план за Општина Чаир во Скопје – 1955 година

     Хотели

*- “Панорама” во Радовиш – 1976 год. проектиран, (изграден 1980 год.)

*- “Југо”(сегашна Аполонија) во Гевгелија – 1977г. проектиран, (изгр.1982год.)

*- “Еуротел” во Дојран – 1981 год. проектиран, (не е реализиран)

     Театри

*- “Театар на народностите”(сега Албански театар) на Битпазар во Скопје

(со арх. Љ.Маленкова) – 1969-1970 проектиран, (изграден 1971-1972 г.)

*- “Културен дом” во Гевгелија (театар, градска библиотека и работнички

Универзитет) – 1986 година – идеен проект

8

   Судски згради и општински собранија

*- Судска зграда во Охрид – 1961год. проектирана, (изградена 1962 година)

*- Општинско Собрание во Валандово – 1980 год. проектирано, (изградено во 1982 година)

*- Општинско Собрание во Гевгелија – 1972-1973 година, изработен идеен и главен проект, (не е реализирано)

*- Општинско Собрание во Штип – 1975 година, идеен проект

Здравствени објекти

*- Школска Поликлиника во Скопје -1954 год. идеен и главен пр.(не е реализиран)

*- Здравствен дом во Струмица – 1963г. проектиран, (изграден 1964 година)

*- Здравствен дом во Валандово – 1982 г. проектиран, (изграден 1984 год.)

*- Болница во Куманово – 1963-1964 год. проектирана, (изградена 1965 г.)

*- Болница во Штип – 1966-67 година проектирана, (не е реализирана)

*- Болница во Струмица – 1967 год. проектирана, (изградена 1973 година)

*- Гинекологија – Чаир во Скопје – 1966 г. проектирана, (изградена 1967г.)

Училишни и специјални објекти

*- Стоматолошки факултет во Скопје – 1960 година идеен проект

*- Педагошка Академија (сегаше Факултет за рударство) во Штип, со арх. Љ. Маленкова

1966 проектирана, (изградена 1967 година)

*- Училиште со интернат во Гњилане – Косово – 1960 год. идеен проект

*-Противпожарен дом во Скопје– 1967 год.проектиран, (изграден 1972год)

Полициски и воени објекти

*- V полициска станица “Гази Баба”- Автокоманда во Скопје–1985 година проектирана,

(изградена 1986 година)

*- VI полициска станица“Ѓорче Петров”Скопје–1985-86 идеен и главен проект, (не е изградена)

*- “Воена Команда” во Куманово – 1988 проектирана, (изградена 1989 г.)

5

Административни, трговски и комбинирани објекти

*- Комплекс “Пазариште” во Велес – 1960 година – идеен проект

*- “Водна заедница” во Гевгелија– 1962 г. проектирана, (изградена 1963 г.)

*- Стоковна куќа во Косовска Каменица – 1961 година – идеен проект

*- Стоковна куќа во Куманово– 1975-76 год.проект.(изградено 1978-1982г)

*-Стоковна куќа “Инпрес” во Кисела Вода-Скопје (сега има друга намена),

1965-1966 год. проектирана, (изградена 1966-1967 година)

*- Стоковна куќа “Вардар Промет” во Неготино – 1981 год. идеен проект

*- Стоковна куќа “Меркур” во Валандово – 1982 година – идеен проект

*- Блок “Москва” во Скопје (админ.комплекс-сега разни министерства)

со арх. Љ.Маленкова – 1969 г. проектиран, изграден 1971г. (не целосно)

*- Блок “Сплендид”во Скопје(со арх.Љ.Маленкова)– 1969 год.идеен проект

*- “Интеримпекс” (П+М+30 ката) во Скопје (со арх.Љ.Маленкова и арх. А.Серафимовски)

1971 година – идеен проект

*- Административно-трговски-занаетски центар во Гевгелија – 1978-1979 година проектиран,

(изграден 1985 година)

*- Трговски центар “Солун” во Гевгелија – 1980-81г-идеен и главен проект

*- ЦМЗ “Живко Брајковски”-општина Чаир во Скопје– 1984 – идеен проект

*- Деловно-станбeн објект на плоштадот во Валандово–1987-1988 идеен проект

7

Радио и спортски објект

*- Радио предавател во Гевгелија – 1967 проектиран, (изграден 1968 год.)

*- Универзална спорт. сала во Штип (со арх.П.Зографска)–1982 идеен пр.

Индустриски објекти

*- Фабрика за позамантерија во Берово – 1959 година – идеен проект

*- Фабрика за позамантерија во Косовска Каменица – 1960 г.- идеен проект

*- Фабрика “Мирка Гинова” во Скопје – 1965 г.проект, (изградена 1966 г.)

*- Фабрика за подни облоги во Берово – 1960 година – идеен проект

*- Фабрика за сточна храна во Куманово – 1961 година – идеен проект

*- Фабрика за бели платна во Косовска Каменица – 1961 год.- идеен проект

*- Механ.работ. на ГП”Маврово” во Скопје – 1962г.проект, (изград. 1962г.)

*- Сервисно-ремонтен обј.”Автомакедонија” во Скопје–1962г.идеен проект

*- Погон за вешт. кожа и фол.”Охис”-Скопје – 1964г.проект, (изгр.1965 г.)

2

Станбени населби

*- Нас. “11 Октомври” во Скопје (со арх. Љ. Маленкова и арх. Г.Златковиќ)

1964 година проектирана, (изградена 1965 година)

*- Нас. “8 Ноември” во Штип – 1973 год. проектирана, (изградена 1974 г.)

*- Нас. “Акташ III” во Приштина-Косово – 1977 проект (изградена 1978 г.)

*- Нас. “Аеродром А1-4” во Скопје (со арх.Љ.Маленкова) – 1977-1978 год.

проектирана, (1978-1979 изградена)

*- Населба во Куманово – 1973 год. проектирана, (изградена 1978 година)

*- Населби во Струмица – 1980 год. проектирана, (изградена 1980-1983 г.)

*- Населба во Битола – 1973-1975 г. проектирана, (изградена 1975-1978 г.)

Станбени комплекси

*- Комплекс во Гевгелија – 1973 год. проектиран, (изграден 1975 год.)

*- Комплекс во Велес – 1976 година проектиран, (изграден 1977 год.)

*- Комплекс во Струмица – 1982 год. проектиран, (изграден 1986 год.)

Станбени блокови

*-“Градски ѕид” во Скопје (со арх.Љ.Маленкова, арх.А.Серафимовски,

арх.С.Симовски,арх.С.Ѓуриќ,арх.Н.Богачев)–1968г.проек(изгра.1971г.)

*- “Гевгелиска порта” во Гевгелија – 1976-1977 проект. (изгр.1977-1978 г.)

*- Блокови “А,Б,Ц,Д”во Гевгелија и Струмица– 1979 проект.(изгр.1980-81)

*- “Блок Г” во Гевгелија – 1984-1985 проектиран, (изгр. 1985-1986 год.)

9

Кули и поединечни колективни станбени објекти

*- Кули П+М+11 и П+М+16 ката во центар во Куманово – 1975-1976 г. проектирани,

(изградени 1979-1982 година)

*- Кула П+М+14 ката во Кисела Вода во Скопје– 1965 проект.(изгр.1966 г.)

*- Згради со П+7 во Струмица, П+8 во Крива Паланка и П+9 ката во Кочани и Велес, П+М+4

ката во Штип, како и згради од П+4 ката во Скопје, Битола, Велес, Струмица, Кочани,

Гевгелија, Радовиш, Кичево, Валандово, Берово, Куманово, Крива Паланка, Свети Николе,

Штип, Пехчево Виница, Ѓопче Петров, Маџари и Драчево – проектирани се и изградени во период од 1962-1988 година.

Индивидуални куќи

*- Индивидуални куќи во Скопје, Охрид и Дојран во Македонија и Осијек и Ријека во Хрватска,

(вкупно 33 индивидуални станбени објекти), проектирани се и изградени во период од

1954-1981 година.

6

Конкурси

*- Општа болница во Охрид (со арх. В. Ќосевски) – 1953 год.-награда-откупен

*- Болница за ТБЦ ”Козле” во Скопје (со арх. В. Ќосевски) – 1954 год.-откупен

*- Станб.угостит.комплекс во Скопје (со арх. В. Ќосевски) – 1956 год-откупен

*- Админист. зграда на ЖТП во Скопје (со арх.В. Ќосевски) – 1960 год.

*- Станбена зграда П+9 ката во Скопје (со арх.В. Ќосевски) – 1960 год-откупен

*- Хемиски институт ”Гази Баба” во Скопје и научен институт на НР Македонија (со арх. В.

Ќосевски) – 1961 год.

*- Пазар.компл. со сток.куќа во Ск. (со арх. В.Ќосевски)–1962г -III награда

*- Повикан конкурс за кули и блокови “Градски Зид” во Скопје

(проект. тим од“Пелагонијапроект”, “Бетон” и “Македонијапроект”) – 1966 година

*-Повикан конкурс за станбена населба “Капиштец” во Скопје (со арх. С. Брезовски, арх.

Љ.Маленкова и арх. Љ.Андреев – 1975 година – прва награда вон конкуренција.

*-Повикан конкурс за станбена населба “Аеродром” во Скопје (со арх. Љ. Маленкова) – 1977

година – добиена изградба на населбата

*-Повикан конкурс за “Порта Влае” во Скопје (со арх. П.Зографска) – 1983 година, награда

откуп

Награди и признанија

*- Спомен плакета “6 Ноември”- највисока награда на Општинско Собрание на Радовиш, за хотелотПанорама во Радовиш – 1980 година

*-Спомен плакета од ГП Пелагонија по повод доделувањето на највисоката Југословенска награда АВНОЈ на ГП Пелагонија – 1980 година

*- Диплома на III БИМАС за проектот ЦМЗ Живко Брајковски во Општина Чаир во Скопје

*- Златен индекс – од Архитектонски Факултет во Белград, по повод 50 годишниот јубилеј од осамостојувањето на Факултетот

Професионални функции

– Член на конкурсна комисија за проект на Дом на култура “Кочо Рацин” во Велес – 1971

Година.

– Раководител на проектантско биро АРХИТЕКТУРА II на 50 стручни архитектонски

профилиод 1979-1989 г.(до пензионирање)

– Заменик претседател на Извршен Одбор на ГРО Пелагонија од 16.11.1986 година

– Член на претседателство на Архитектонска Академија од 2009 год.

– Претседател на жири комисија за наградите и признанијата на XV

Биенале на македонската архитектура БИМАС 2010 година

– Член на жири комисија за доделување на наградата Андреја Дамјанов за 2011 година

1

Објавата е со материјали приложени од ААМ ( Асоцијација на архитекти на Македонија)

Автор на статија: