Leave a comment...

Вечерва изложба на Родољуб Анастасов – Енформелска лабораторија 4

Извор: Брошура за изложбата / Музеј на град Скопје

Настан: >>>fb

Во организација на Галерија Јустина и Родољуб АНАСТАСОВ во склоп на Музејот на Град Скопје, ве покануваме на четвртата изложба од серијалот „Енформелска лабораторија“. Изложбата свечено ќе се отвори во присуство на големиот Родољуб на 14ти Декември 2016 ( Среда ) во 20:00 часот.

?

Родољуб Анастасов е македонски сликар од светски ранг, роден во Скопје, 1935 година. Toj e еден од најважните уметници во современата македонска уметност, човек кој сеуште им пркоси на годините со очи полни живот и љубов за истиот. Полн спомени од животот,  но и жеден за нови.

?

За Родољуб имаме и специјална објава каде можете да ги погледнете делата во кои препознавме архитектура во неговото творештво >>>>>

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.