Винарија Стоби/ Александар Радевски, Викторија Ставриќ 2008

Автори:                                             Александар Радевски / Викторија Ставриќ
Локација:                                         Градско, Македонија
Година на проектирање:         2007-2008
Година на реализација:            2008-2010

Како денес размислуваме за индустриските објекти? Дали индустриските објекти можат да се разликуваат од стереотипите и општо прифатените типологии на ваков вид на објекти? Дали овој тип на објекти можат / треба да бидат одраз на современото општество?

Современите тенденции на развој на индустриските објекти е истите да излезат од индустриските зони и да станат отворени кон крајните корисници кои се вклучени индиректно во процесот на производство како пасивни набљудувачи на технолошкиот процес. Хибридизацијата на истите ги комбинира различните програми, форми и технологии во една хибридно комплексна структурална целина која овозможува нови просторни организации. Самото референцирање на индустријата преку производите, производниот процес и архитектонското обликување имаат за цел истите да ги доближат што повеќе кон крајните корисници. Ваквите тенденции се сè поприсутни и стануваат секојдневие во обликувањето на овој тип на објекти. Винарите се меѓу првите индустриски објекти каде ваквата хибридизација на разните програмски содржини креира нова типологија на производен објект.

0

Винарската визба Стоби е една од поновите винарски визби во Република Македонија. Се наоѓа во централниот дел на Македонија, во близина на познатиот археолошки локалитет Стоби во непосредна близинана коридорот М1. Овој регион има најголеми плантажи на винова лоза кои се познати по својот квалитет и ароматично грозје специфично за оваа географска област. Производството на вино е исклучиво врз основа на сопствените плантажи на грозје, кои се наоѓаат во близина на комплексот. Капацитетот на винарската визба изнесува 6 милиони литри вино годишно.

analizi

Геометрискиот модул на објектот зафаќа површина од 15.400m2 од кои 7.000m2 под објекти и 8.400m2 слободни зелени површини. Се состои од три континуирано поврзани единици кои поради природните топографски карактеристики на теренот, потребата од различни сообраќајни пристапи и целосното искористување на локацијата поставени се периметрално, линеарно во форма на буквата U.

diagrami

Оваа целина се состои од осум конструктивни и просторни модули – функционални единици периметрално организирани околу централниот двор. Просторната и конструктивната организација на понудените просторни модули го чини објектот изразито компактен во функционален и во обликовен аспект. Линиската конфигурација е применета заради зачувување на отвореноста на комплексот, интегрирање со природниот контекст, формирање на голем слободен зелен агрегат во централниот дел и инсолација на секоја единка.

1

Вкупна површина на сите нивоа изнесува околу 9.000m ². Секоја конструктивна единка е во сооднос од 1:1 (24m x 24 m) и 1:1,618 (24m x 38,80 m – златен пресек кој како основен сооднос е имплементиран во целиот објект и комплекс). Од четвртата страна комплексот е отворен кон локалниот пејзаж и реката Вардар. На маргините на самата локација сместени се две контролни точки.

2

Двете паралелни единици се опремени со технологија за обработка на грозјето, линија за флаширање и магацини. Централниот дел односно барикот е дизајниран за складирање на вино во буриња и дегустација на виното. Над барикот изведена е тераса која е интегрирана со партерот на објектот. Помеѓу двата паралелни волумена постојат отворени комуникации – скали, кои ги поврзуваат внатрешниот централен двор со нивото на теренот околу објектот. Внатрешната поврзаност помеѓу сите функционални модули овозможува комуникација од самиот почеток на обработката на грозјето па се до експедиција на готовото вино во шишиња. Во делот за полнење во шишиња, лоцирани се помошните објекти за работниците и лабораторите за испитување на квалитетот на виното. Во овој дел лоциран е и контролниот центар од кој се контролира целиот производен процес,од обработката на грозјето па се до полнењето на виното во шишиња.

3

Поради се поголемиот интерес за посета на винарите во нашата земја и за промовирање на кампањата “Вински пат”, барикот, енотеката и продавницата за вино посетителите можат директно да го посетат од внатрешниот двор.

Административниот дел е одвоен како засебен дел во однос на комплексот, но во рамките на основниот геометриски модул. Покрај административните функции, во приземјето лоцирани јавни содржини како мал ресторан, бар, продавницата за вино и вински додатоци.

 

diagrami

Основната конструкција на винарската визба се пренапрегнати бетонски столбови со бетонски кровни носачи кои совладуваат распон од 24m. Кровната конструкција е изработена од алуминиумски лим, a внатрешната финална обработка е со дрвени елементи. Ѕидовите на винарската визба се изработени од керамички блокови, а од надворешната страна на челична потконструкција поставена е контактна фасада на фирмата СТО. Користејќи двојна вентилирана фасада се обезбедуваат добри термички карактеристики на објектот кои се важни при производство на вино.

Поради топлата клима, зградата е дизајнирана без отвори, со исклучок на линијата за флаширање. Поради тоа, фасадата е третирана колоритно, со бои кои го карактеризираат локалниот контекст на винарската визба.

Следен чекор би бил изградба на 35 метарска триаголна кула која на највисокото ниво ќе има ресторан со панормски поглед на околината, реката Вардар и на археолошкиот локалитет Стоби.

 

 

diagrami

 

 

diagrami

 

 

diagrami

 

 

diagrami

 

 

diagrami

 

26860_109023742461571_597374_n

kolaz stobi

1 (86)

Автор на статија: