Leave a comment...

Вонредна сесија 03 / Формат: Изложба

Темата е фокусирана на специфичниот формат на архитектонска изложба како проект-настан што можеби најсилно резонира со пошироката јавност. Феноменот на изложување архитектура, што претставува кураторски проект сам за себе, е различен од процесот на проектирање архитектура, но и различен од начинот на курирање на уметнички изложби.

Разговорот ќе ги опфати, а нема да се ограничи на:
– студентските изложби на факултетите како педагошка алатка за презентирање на трудовите и нивно појавнување, можност за меѓусебно спознавање, оценување, пресек и увид во сработеното.. Зошто е важно изложувањето во образовниот процес?
– АСК – Архитектура на градот Скопје;
– БИМАС / БИСТА Биенале на македонската архитектура. Кога е создадено, како се развива низ годините и што (треба да) претставува денес? Каква е неговата структура и содржина, кои се критериумите за изложување, критика, какво значење има за професијата и за јавноста?
– Биеналето за архитектура во Венеција и местото на националниот павиљон на Македонија на оваа значајна изложба. Дали можат да се извлечат заеднички линии од сите павиљони кои не’ одделуваат како архитектонска заедница?

На крајот, останува отворено прашањето за Архитектонски центар во Скопје, и постојано изложување архитектура. Зошто ни е потребна таква институција и дали сме спремни за таков подвиг? Кои би биле предусловите и мисијата?

Извор>>>

Share This:

Коментарите се затворени.