Во Скопје се одржа меѓународниот настан SHARE 2017

September 7, 2017

Во организација  на  Pro Event Association во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Асоцијација на архитекти на Косово, Албанската асоцијација на архитекти , како и Комората на архитекти во Бугарија, вчера во хотелот „Мериот“  се одржа меѓународниот настан SHARE International Architecture Forum.

Идејата на настанот беше да ги собере на едно место регионалните и светските водечки имиња  во полето на архитектурата кои ќе ги презентираат сопствените искуства и реализации низ призмата на современите материјали за ентериерно и екстериерно обликување, за кои беа поканети и гости од водечките производители  Sisecam Flat glass, Аgrob Buchtal, Knauf Insulation, Velux, Alumil…

На настанот говореа видни имиња чии проекти  се меѓународно наградени ( Iconic Awards, Wan Awards, Architizer a+ award, Mies van der Rohe Awards, World Architecture Festival,  MIPIM, German Iconic Awards, World’s Best International Highrise Architecture -International Property Awards, European Property Awards, Aga Khan Award for Architecture .)

По свечените говори на претседателите на организацијата и асоцијациите  со кои се отвори настанот, преку презентации се претставија архитектите: Керем Јазган (Yazgan Design Architecture), Johannes Baar  – Baarenfels(Baar-Baarenfels Architekten ),  Ангел Захариев (A&A ARCHITECTS OOD), Џузепе Фарис (Studio Farris),Пако Радовановиќ (РАДО Инженеринг Скопје), Јана Гугуловска (RADiUs Architects),  Ѓорѓи Мојсов (ГМС), Илир Мурсели(MA+P) и  Бесиан Мехмети (БМА) .

@ dezeen.com

Настанот се заокружи со специјалниот гостин, архитектот Maurizio Meossi, senior Associate of Zaha Hadid Architects кој ги сподели искуствата стекнати преку резиденцијалниот комплекс CityLife Milano.

 

 

 

 

Автор на статија:

| / / / / |