Leave a comment...

Град Скопје објавува јавен повик за финансирање проекти од областа на култура

 

Јавниот повик е наменет за доделување на средства за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2018 година

I

За остварување на јавните потреби во областа на културата, Град Скопје распишува Јавен повик за доделување средства за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес за град Скопје за 2018 година.

Културните дејности, програми, манифестации и финансиските средства за нивна реализација се утврдуваат со годишната програма за култура и со Буџетот на Град Скопје за 2018 година.

II

На Јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

III 

Градот Скопје ќе учествува во финансирање на програми, проекти и активности, согласно законската регулатива, врз база на утврдените „Цели и критериуми за избор на проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје“ и тоа:

  1. Поддршка на    проекти,    манифестации    и    активности    во    доменот    на професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:
    • Изведбени уметности
    • Музички уметности
    • Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
    • Издавачка и библиотечна дејност
    • Музејска дејност и промоција на културното наследство
  2. Меѓународна соработка
  3. Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

IV

Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат „Целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје“ што се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на Официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

V

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава (апликација).

Апликантите, покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:

  • документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци,
  • потврда за отворена и активна жиро сметка.

Апликантите, во прилог на пријавата, треба да достават и други документи, поврзани со реализација на активноста (авторски договори со учесниците, обезбеден простор или партнерство со некоја установа/организација, покана за учество на фестивал во странски држави, обезбедени дополителни финансии и слично)

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности – Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје или од Официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

VI

Јавниот повик трае до 18.12.2017 година од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Пријавите, во пишана форма и снимени на ЦД во WORD формат, треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, или во архивата на Градот Скопје, најдоцна до 18:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик (18.12.2017 година), со назнака „Јавен повик за доделување на средства за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2018 година“

Напомена: Пријавите со непотполни податоци и нецелосна документација, пријави пополнети на несоодветен образец, како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.

Дополнителни информ

3500 × 1000 – commons.wikimedia.org

ации може да се добијат на следните телефони: 02/ 3297- 323, 02/ 3297-324, 02/ 3297-289 и на следната мејл адреса kultura@skopje.gov.mk.

 

Град Скопје

насловно фото: Филип Конески

Share This:

Коментарите се затворени.