Денови на Орис 17

October 6, 2017

Овогодинешниот архитектонски симпозиум Денови на Орис 17, ќе се одржи на 14 и 15 октомври во концертната сала Ватрослав Лисински во Загреб.

Денови на Орис е меѓународен архитектонски симпозиум во организација на Орис – Куќа на архитектура, кои произлегоа после почетниот успех на магазинот Орис, кој континуирано излегува веќе 19 години.

Симпозиумот за првпат е организиран 2001 година како дводневен настан со предавања на истакнати странски и локални архитекти. Изборот на предавачи и нивниот одзив се резултат на меѓународниот углед на магазинот како и на мрежата на соработници и автори која Орис ја изгради со текот на годините.

На Денови на Орис досега предавале глобално експонирани светски архитекти, но и радикални и експериментални автори. Орис досега пречекал повеќе од 250 предавачи од целиот свет, овозможувајќи и на домашната, но и на странската публика да слушнат предавање од врвни архитекти.

Предавачи на овогодинешните, 17. Денови на Орис се:

RCR Arquitectes (Шпанија)

Schmidt Hammer Lassen Architects (Данска)

OFIS arhitekti (Словенија)

Walter Angonese (Италија)

Davor Mateković (Хрватска)

Go Hasegawa (Јапонија)

Vedran Mimica (Хрватска)

architecten de vylder vinck taillieu (Белгија)

Повеќе информации може да се прочитаат овде.

 

 

Автор на статија:

| / / / / |