Leave a comment...

Дом на култура КРИВА ПАЛАНКА / Ицевска

Година: 1980/81 год.

Автор: А. Ицевска

Извор: Бимас 1981

Објектот е планиран да ги има следните содржини: универзална сала и мала сала, библиотека за возрасни и мали, слободни активности со административен дел и локална радиостаница.

Приближната вкупна квадратура на објектот е 4000 м2.  Универзалната сала која ќе се користи за кино и театарски претстави има 400 седишта. Малата сала која ќе се користи за предавања и експериментални претстави ќе има 100 седишта. Содржините  со пратешките ростории го чинат едниот габарит на објектот.

Библиотеката, слободните активности и локалната радиосстаница со своите пратечки содржини го чинат другиот габарит на објектот.

 

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.