Д. Т.Ц „Шехерезада “ / Рафаиловски

Локација: Битола

Автор: Здравко Рафаиловски

Соработници: Љубиша Поповски, Гордана Богоевска, Весна Гошева-Јаневска, Љупка Апостоловска, Ели Арсовска, Марта Петкоска

Биро : ГГ „Маврово“ ЕЕ „Мавровопроект“ Скопје

Инвеститор: ГГ „Маврово“ ЕЕ Битола

Година на проектирање: 1993

Извор: Бимас 1993

 

Објектот е лоциран во централниот дел на градот до стариот безистен. Почитувајќи ги програмските барања, архитектонско-функционалното решение овозможува егзистирање на повеќе наменски простори, меѓусебно поврзани со внатрешни коридори во компактна целина. На ниво на приземје, сутерен и мезанин решени се, во затворени и отворени простори, локали со угостителска, трговска, занаетчиска и слична дејност.

Просторот над мезанинот е наменет за: дирекции на АД, странски преставништва, специјализирани агенции и слично. Применети се современи материјали во обликувањето а со нивно меѓусебно компонирање впечатлицо се издвојуваат двете функсионални целини. Вкупната површина на центарот изнесува 11 000 м2.

Ф.К