Leave a comment...

“Turkish Airlines” – Скопје / Fog Architects

Автори: Ирина Стефановска / Драган Крстевски

Студио: Fog Architects

Година: 2016

Контакт / страна : Fog Architects

Фотографии: Борис Јурмовски/Марх

ФОГ Архитектс е Архитектонско Студио основано на почетокот на 2016 година од страна на архитектите Ирина Стефановска и Драган Крстевски, кое покрај архитектурата се бави и со внатрешен, концепт и графички дизајн.

Замислата на студиото е да се внесе нов пристап кон работата, нови методи на презентирање и концептуализација на проектите произлезени од заемното искуство остварено преку соработка со повеќе европски и светски компании.

При изработката на решението за ентериерот на Turkish Airlines лоцирано во Скопје ни изјавија:

“Не сакавме да пропуштиме ваков предизвик кој беше вистински тест во поглед на дизајн концепт, целосна реконструкција на постоечкиот простор и проектирање на ентериерот соодветно на барањата и стандардите на една светски позната компанија каква што е Turkish Airlines.”

ta-ground-floor

ta-gallery-floor“Беше неопходно да се испочитуваат строгите критериуми на компанијата, кои не само што ни покажаа нов пристап кон работата туку и се од големо значење за нашата идна работа за ваков тип компании на кои ентериерот се базира на брендинг.”

fog017

fog02

fog09

fog021

 

“Во постојана соработка со клиентот, успеавме за многу кратко време да создадеме ентериер кој конечно соодвестува на ваков светски бренд, кој обезбедува услови за удобно поминат работен ден, функционалност и пријатна атмосфера за клиентите.”

 

fog055

fog01

“Реадаптацијата на постоечкиот простор се реализираше во рамки на 3 нивоа: сутерен во кој се сместени архива, магацин за промотивен материјал и технички простории; приземје за продажба и работа со клиенти и спрат галерија кој опфаќа конференциска сала и административни простории.”

fog042

fog035

fog037

fog020

fog029

 

“Изборот на материјали, тонови и мебел се направи со цел да се добие еден простор кој во секој поглед кореспондира и го симболизира брендот Turkish Airlines, симбол црвена и бела боја, хармонија на материјали кои пружаат топлина, а истовремено се и high-tech и избор на мебел кој претставува симбол за комфор и комодитет.”

fog047

fog045

fog012

 

fog058

Материјалот го приложи и обработи: Борис Јурмовски

Share This:

Коментарите се затворени.