Leave a comment...

Етнолошки музеј – Мултикултурен центар / Златица Ѓорѓевска

Автор: Златица Ѓорѓевска

Педагошки тим: Bob Giddings – Northumbria University Newcastle upon Tyne UK,  д-р Мишко Ралев / Иван Николовски / Мирјана Лозановска – УАКС

Проектна задача: Skopje Multi-cultural Experience Project – celebration of richness in the synergy of different ethnic groups

Локација: Централно градско подрачје – Музеј на град Скопје

Година: 2017

Почетната идеја на проектот  беше создавање на мулти-културен центар кои ги содржи елементите на повеќе етнички групи и синхронизирано функционираат заедно. На локацијата одредена за изградба на етнолошкиот музеј егзистира денешниот Музеј на град Скопје, кој е настанат од остатоците на објектот за  Старата железничка станица од арх. Велимир Гавриловиќ изграден 1940-та година. Потребата за разработка на оваа локација произлегува од големиот неискористен простор на парцелата и неговите потенцијали, и неговото значење во локалното опкружување така и на ниво на целото градско подрачје. 

Ситуација

Концептот произлезе од структурата на дрвјата, каде дрвото и неговата позиција во природата придонесе да се создаде таа модуларна мрежа од т.н. вештачки дрвја во улога на констуктивни столбови кои ја држат стаклената обвивка создавајки затворен аквариум од засебни цилиндри во него.

Концепт на дрво

Целиот објект како структура во себе содржи простор за перманентна изложба, простор за привремени изложби, простор за прием, подготовка, реставрација и складирање на артефакти, администрација, библиотека и читална, кафетерија, амфитеатар, продавници за сувенири, занаетчиски работилници. Поврзувањето со веќе постоечкиот музеј – Музеј на Град Скопје е овозможено преку топлинска врска, каде од фоајето на Музеј на Град Скопје се влегува во фоајето на Етнолошкиот Музеј.

Основа на приземје

Стаклената обвивка овозможува природно осветлување на целиот ентериер, како на слободниот простор помеѓу цилиндрите така и во ентериерот на кафетеријата библиотеката и работилниците.

Основа на кат

Различните висини на цилиндрите му даваат разиграност на ентериерот и всушност висината ги нагласува изложбените простории во објектот.

Целокупната висина на објектот изнесува 15 метри колку и постоечкиот Музеј на Град Скопје.

Од фасадата на објектот се гледа таа транспарентност на стаклента обвивка, но исто така поради најизменично поставените цилиндри се сокрива внатрешноста на објектот.

Фасадни решенија

Пресеци

Материјалот го приложи и обработи: Софија Стојаноска

Share This:

Коментарите се затворени.