Leave a comment...

Етнолошки музеј – Мултикултурен центар / Цветанова

Автор: Невена Цветанова
Педагошки тим: Bob Giddings – Northumbria University Newcastle upon Tyne UK,  проф. Мишко Ралев
Проектна задача: Skopje Multi-cultural Experience Project – celebration of richness in the synergy of different ethnic groups
Локација: Централно градско подрачје – Музеј на град Скопје
Година: 2017

 

1. Почетна идеjа и цел предмет на оваа задача

Како проект за етнолошки музеј е создавање на мулти-културен центар кои заедно ги содржи елементите на повеќе етнички групи. Проектната програма завзема содржини кои се јавни, полујавни и содржини кои се дел од административното работење на објектот.

2. Архитектура

Архитектурата на објектот на музејот произлегува од деликатноста на неговата локација , погледните кон планината Водно од една и централното градско подрачје од другата страна ја дефинираат прозрачната средина на објектот. Неговиот габарит произлегува од намерата за следење на линијата на постојните објекти градени во различни периоди од кој веке доминира денешниот Музеј на град Скопје, кој е настанат од остатоците на старата железничка станица пост земјотресот и се надоврзува до самата негова парцела ослободена и дадена за овој проект. Простор кој ќе се искористи целосно , смело и функционално со суптилно сместување на содржината, истовремено намалувајќи ја волуменската појавност во овој потег во центарот на Скопје.

3. Локација

Местоположбата на објектот се наоѓа во Општина Центар,Скопје . Објектот е поставен во рамките на катастарската парцела .Во објектот предвиден се три пристапи од улица.
Од северната страна (главниот влез) ул. Мито Хаџивасилев Јасмин.
Од јужна страна ( спореден влез) ул. Булевар Македонија
Од источна страна ( сервисен влез ) ул. Новопроектирана 5.
Главниот Сообраќајниот пристап до објектот е од улица. Мито Хаџивасилев Јасмин. кој не е директен до објектот Странично источно од објектот е предвидена сервисна улица за влез и излез на камиони,службени возила и пожарно возило. Отука пристапноста во обкетот од сите четири страни ја зголемува порозноста и лесната дистрибуција на посетители.

4.Програма на објектот

Комплекс објекот е наменет за изложби , културни настани , културно живеење преку читање дружење , ликовни работни дејствувања, презентации повторно од културен вид.

Програмата на 1 објект Музеј е сместена на две ниво

Приземното ниво содржи : влез, лоби со рецепција билетара , гардаробер , тоалети за посетители , комуникациски вертикални јадра, отворен концепт од библиотека со читална, кафетерија , амфитеатар/аудиториум , дел за привремен изложбен простор , (доволен простор за да може да се изведуваат од најразличен вид инсталации кои бараат комотен простор) постојан изложбен простор, (доволно распостран за да може да го изложи целиот временски интервал од најрано време до моментално време во Р. Македонија ) комуникациски вертикално јадро за евакуација ,администрација со работни канцеларии од затворен тип, тоалети за вработени, депо, сервисен простор (утовар истовар).
Нивото на прв кат содржи : комуникациско вертикални јадра , продавница за сувенири, амфитеатар/аудиториум, тоалети за посетители , , привремен изложбен простор(соодветен комотен простор за да може да се изведуваат од најразличен вид инсталации) , простор за одмор,. постојан изложбен простор ( посебен акцент на мистични затвоени кутии (кубуси ) кои се поставени и издвоени од поголемиот распостран простор (временскиот) со цел во тие простории да се заштитат артефакти) карактеристично што нив ги поврзува и ги дели воедно еден коридор кој е застаклен и дава можност и поглед кон поголемиот распостран простор на постојаната изложба кој е на приземје. Работниот дел која е предвидена да биде во строга и постојана корелација со изложбениот дел а сепак недостапна за посетителите ,кој содржи простории од депо , лаборатории , работилници за истражување , тоалети за вработени.

Објект 2 Работилница

Програмата на 2 објект Работилница е сместена на три нивоа содржи ликовни работни места (сликартсво , вајарство ..) , работни места за везење, рачни изгработки традиционални носии подготовки на и накит) и сл. Преку овие дополнители програми кои се достапни за сите корисници и посетители на музејот воедно служат и како конекција со Музејот на Град Скопје.

5. Конструкција

Се работи за мешан конструктивен систем столбови и носечки ѕидови од армиран бетон. Носивата конструкција е димензионирана според потребните товари од сопствената тежина,ветрови,сеизмика и сите останати товари.
АБ темелење со АБ темелна плоча и минува под крајните столбовите кои го формират габаритот на призејмето се јавува дилатации на две места поради големиот распон на објектот)Гредите кои се од прднапрегнат бетон, плочи од АБ конструкција , Лифтофски јадра кои што се армирано бетонски ѕидови. Вертикални комуникации (скали)кои се челична подконструкција со армиран бетон. Подовите се третирани со етоксидна смола (етоксидни подови) заштитен слој полиен врз бетонот. Кров- рамен кров изведена од АБ плоча со пад од 1-2 % и хидроизолација .Кровни отвори кои што се изведени со структурална фасада.
Фасадна обвивка – Инспирација од брутализам. Употребен бетон материјал од стилот брутализам. Брутализам претопен во минимализам. Фасадна комбинација од натур бетон со структурална стаклена фасада ( алуминиум стакло). Надворешна градежна столарија – алуминиум стакло. Браварија алуминиум стакло , ограда од стакло.
Објектот е предвиден од квалитетни материјали кои ги задоволуваат нормативите на современото градење од аспект на термичка,звучна и противпожарна заштита.

 

6. Партерно уредување

Предвидени се пешачки зони од по 3 м широки кои го заобиколуваат објектот,а до нив на север ,запад и југ поставено е зеленило. Предвидени се и велосипедски патеки која ја следи постоечката и се вклучува во партерот на објектот. Исто така предвидени се и две( постојки станици) простор наменет за изнајмување на велосипеди. ( кои го олеснуваат транспортот најмногу на туристите ) Поплочување на партерот околу објектот е од полиран бетон. Пристапот во самиот објект е предвиден преку скали и рампи. Нема директен влез -тој е подигнат на кота +64 од теренот.

7. Мебел и Опрема

Објектот е опремен со мебел со однапред одредени димензии и дизајн според потребите за извршување на функционалноста на просториите.Во санитарните јазли се употребени санитарни елементи по каталог. Карактеристично во целокупниот дизајн и опрема на објектот е водењето сметка за хендикипирани лица.

 

Материјалот го приложи и обработи: Софија Стојаноска

 

Share This:

Коментарите се затворени.