Leave a comment...

Етнолошки музеј – Мултикултурен центар / Азрета Рамадани

Автор: Азрета Рамадани

Педагошки тим: Bob Giddings – Northumbria University Newcastle upon Tyne UK,  м-р Мишко Ралев / Иван Николовски / Мирјана Лозановска – УАКС

Проектна задача: Skopje Multi-cultural Experience Project – celebration of richness in the synergy of different ethnic groups

Локација: Централно градско подрачје – Музеј на град Скопје

Година: 2017

Целта на проектот за етнолошки музеј беше создавање на мулти-културен центар кои ги содржи елементите на повеќе етнички групи. Проектната програма се базира на содржини кои ќе бидат јавни, полујавни и содржини кои се дел од административното работење на објектот.
На локацијата одредена за изградба на етнолошкиот музеј егзистира денешниот Музеј на град Скопје, кој е настанат од остатоците на старата железничка станица пост земјотресот. Потребата за разработка на оваа локација произлегува од големиот неискористен простор на парцелата и неговите потенцијали, како во локалната средина така и на ниво на целото градско подрачје. Од овие причини проектот е решен како градба низ која лесно се минува и доминантни се пасажите низ изградениот објект, со кои се потенцира важноста на заживувањето и протокот на луѓе низ парцелата.

Локација
Локацијата е дефинирана со бул. “Mакедонија“ на југ, бул. “Кирил и Методиј“ на север, ул. “Ново проектирана 5“ исток, ул. “Ново проектирана 3“ запад.
Доставата на артефакти во музејот се врши преку влез на ул. Новопроектирана 5, каде е лоцирано депото. Од иста улица се врши и доставата на работилниците со посебни влезови, на јужна страна. Економските и главниот влез се поставени на спротивни страни, поделени симболично со партерно уредување за да не доаѓа до измешање на приватното и јавното движење. Така би се овозможило побезбедно и послободно движење на минувачите, посетителите, и другите корисници на партерот во локацијата.

Ситуација

Самиот автомобилски влез во парцелата е поделен на два дела, еден за дистрибутивни возила, друг за вработени, сите сместени во долнионт дел на парцелата наменет само за вработени. Преку покриен трем со аркови се пристапува до главниот тракт на комплексот, организиран со еден главен влез за посетителите од северна страна. Од јужна страна се влезовите за вработени во администрација и музеј. Бидејќи објектот (освен кафетеријата, аудиториумот) е подигнат за 60см, за да биде пристапен се додадени рампи со пад од 7,5% и скали високи 15см. Како што се контролирани главните влезови, исто е контролиран јавниот плоштад, со ротирачки врати.

 Дијаграм на движење – приземје

Дијаграм на движење – кат

Дијаграм на движење – кров

Kровната тераса е пристапна со помош на двете челични структури, кои имат превземани елементи од постоечкиот музеј односно навраќање кон претходниот карактер на локацијата-старата железничка станица. Овие структури служат и како реферни точки и најава дека во внатрешноста на објектот има некој настан, додавајќи им и монументално значење кое ќе може да се забележи при пристапувањето до објектот. Како на овие структури исто и на кровната тераса е присутна вегетацијата, зеленилото за создавање на ритам, атмосфера и нови точки на гледање.
Партерното уредување околу музејот е организирано со низа од патеки, елементи за седење, зелени површини, високо зеленило, скулптури, и ниски водни површини.


Во проектот доминира објектот на железничката станица. Карактерот на надворешниот изглед е добиен како продолжение на истиот објект, со превземање на некои елементи, како прозори, часовник, материали, правоаголна форма и аркови. Структурата на новопроектираниот музеј е решена со специфична комбинација на челични аркови кои се целосно независни од конструкцијата на содржините во внатрешноста на таа обвивка.
Поврзувањето меѓу двата објекти е направена од колонада на лаци делумно отворени од горна страна, кои создават извонреден ритам и контраст измеѓу осветлените и темните плоштади кои ги создаваат. Ова колонада освен што ја дефинира врската измеѓу објектите таа служи како бариера измеѓу улицата и плоштадот, кој може да се користи како отворено кино.

Концепт/Форма

Во процесот на концептуалното обликување и димензионирање на главните простории на музејот, користен е систем со атриуми за истовремено задоволување на функционалноста, достапноста, и отвореноста на музејот .
Набљудувањето на случувањата на долниот плоштад е овозможено преку балкони со мали отвори и врати резистентни на светлината, поставени на постојаната изложба.

Проектна програма

Програмата во објектот е сместена на два нивоа и кровната тераса, која освен зеленилото, има обработен под со текст и слики од македонската етнологија. Ресторанот е организиран на внатрешниот приземен дел во средина на два атриуми, со кујна, санитарен дел и гардероби пристапни од економскиот влез.
Административниот дел е организиран со канцеларии од затворен тип, сала за состаноци, тоалети, чајна кујна, лабораторија , архива итн.

Основа на приземје

Основа на кат

Конструкција

Предвидено е армирано бетонска конструкција со столбови поставени на модуларната мрежа 800х800см, во поголемите растери на холот и аудиориумот предвидено е челична конструкција со примарен решеткаст носач и секундарни I носачи.

Материјализација

Во приземното ниво продолжува автентичната чаршиска калдрма, со полуотворени простори, балкони и атриуми (Сули Ан), како манир на конзервација, проток на чаршијата низ објектот и соединување на старото и новото.

Ентериерно уредување

Планирано е максимална употреба на сите симболи на повеќето етнички групи, и користење материјали и архитектонски форми кои насетуваат на ориентот во скопската чаршија.

Предлог ентериерно решение за просторија за изложбени работилници

 Материјалот го приложи и обработи: Софија Стојаноска

Share This:

Коментарите се затворени.