Leave a comment...

Заров Климент / 1930 –

Архитект Климент Заров е роден во Охрид во 1930 година. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје.

Работел во Заводот за урбанизам и архитекура во Охрид каде што го поминал најголемиот творечки период се до 1999 г. кога преминал во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови во Скопје.

 

Позначајни реализирани дела:

  • 1957  Три повеќесемејни станбени објекти ( П+4) на ул.„Димитар Влахов“ во Охрид;

 

  • 1963  Станбен објект (П+4) за просветните работници на ул.„Јане Сандански“ во Скопје;
  • 1971   Хотел „Инекс“ , Охрид;

 

  • 1972   Станбен блок (П+3+По) и станбена кула (П+9) на ул.„Партизанска“ во Охрид;
  • 1982   Хотел „Силекс“ во Охрид ( со арх. Р. Наумовска);

 

  • 1983   Хотел „Горица“ во Охрид;
  • 1995   Станбени блокови (П+М+4+По) на ул.„Партизанска“ во Охрид (со арх. В.Снегар);
  • 1996   Две станбени кули (П+М+6+По) на ул.„Партизанска“ во Охрид (со арх. П.Манев);

 

Награди и признанија:

  • 1970   „11 Октомври“ – за хотел „Инекс“, Охрид;
  • 1971    Награда на град Скопје, за урбанистичко творештво;
  • 1972    Признание на сојузот на урбанистите на Југославија „СУЈ“;
  • 1985    Сецијална награда на „БИМАС“ за хотел „Горица“;
  • 2009    „Андреја Дамјанов“, награда за животно дело.

 

Извор: AAM, „25 години награда за животно дело“

Ф.К

 

Share This:

Коментарите се затворени.