Објава на ваш проект, став, фотографии…

МАРХ ве  охрабрува да ги споделeте вашите најдобри проекти, без разлика дали се реализирани или не, конкурсни трудови, студентски проекти (мин. VI семестар) или истражувачки. Се што сметате дека е вредно да се сподели e добредојдено. Со објавувањето вие се стекнувате со бесплатна промоција и достапност. Дозволено е објавување на ваш контакт (меил адреса), за  заинтересираните за контакт. Но, имајте в предид дека не се објавува се што пристигнува на нашиот меил, бидејќи е подложно на селекција и вреднување.

Приложете:

-текст зачуван во Word 2003 ( напомена: текстот да е испишан со македонска подршка без македонски фонт)

-монтажи, визуелизации (jpg, png, bmp)

-фото од модел (jpg, png, bmp – не поголеми од 1,3 Mb од фото),

-основи и пресеци во jpg или png формат ( не поголеми од 1,3 Mb од фото).

-изјава

Текстот да не е подолг од две  А4 страни, големина на фонт 12.

Сето тоа да биде обединето во еден фолдер: НАСЛОВ НА ПРОЕКТ – АВТОР/И

Напомена: Проекти испратени во pdf презентација, нема да бидат цел на разгледување за објава!

Со испраќањето на проектот вие се сложувате на негово јавно објавување на страната, објавување во печатените изданија на МАРХ и воедно сте свесни за јавната достапност на истиот. Сепак во посебен документ, доставете ИЗЈАВА – дозвола за јавна презентација во pdf

Проектите испратете ги на contact@marh.mk

Марх не превзема одговорност во случај на злоупотреба на податоците од сопствениот простор, од страна на трето лице. Во случај на злоупотреба на авторски права, одговорни се самите автори.

Share This: