Leave a comment...

Иднината на минатото на селското наследство / Кокалевски, Кокалевска

Европски архитектонски конкурс

Година: 1985-86

Автори: Мирче Кокалевски, Марија Кокалевска

Локација на интервенција: село Љубанци

Извор: Бимас ’87

Целта на конкурсот е вградување на нова функција во традиционалните архитектонски објекти во селската средина. Конкурсот опфаќа идентификација на архитектонски објекти кои се напуштени и предлог за вградување на нова содржина, со што ќе се овозможи економски да се зачуваат и да се одржат во соодветна состојба.

Основи

Конкретното истражување е на два архитектонски објекти во с. Љубанци – Скопско, кои се во лоша состојба и со проектот се предвидува оживување на објектите со внесување на нова содржина – традиционално производство, складирање, дегустирање и продажба на вино. Двата објекти претставуваат амбиентална целина.

Пресеци

Со презентирање на вредностите на традиционалната архитектура во село Љубанци на европската архитектонска сцена се определуваат и можностите за вклучување на традицијата во современите текови на зголемувањето на квалитетот на средината.

Ф.К

 

 

Share This:

Коментарите се затворени.