Leave a comment...

Изложба во најава „ Затемнетиот град“

На 20.10.2017 година во 20ч. во просториите на  Музејот на Современа Уметност во Скопје ќе биде отворена изложбата на фотографката Ерина Богоева. Изложбата е дел од поширок истражувачко-фотографски проект кој и во иднина ќе ја следи архитектонската скулптура на територијата на Р Македонија, а е започнат од авторката во 2012 година. Изложбата е дел од „Нов културен бран 2017“ помогнато од Министерството за култура на Македонија.

 

Фотографското око преку својот објектив најчесто го презервира моментот од животот во континуумот простор-време но, неретко преку него се изразува и револтот кон процесите кои доведуваат до изобличување на природниот тек на нештата. Во оваа наша измината деценија кога и модерната архитектура и брутализмот во градот беа окарактеризирани како некаков надминат шунд повторниот поглед кон тие историски зданија, всушност, во целост ја открива нивната импозантност.

Низ фотографиите на убавите урбани линии на брутализмот и модерноста е изразен и личниот револт што тие сега претставуваат дел од нашиот затемнет град. Овие градби нема воопшто да ги видите освен кога врз нив паѓаат сончевите зраци затоа што кон нив светлата на велеградот не се насочени. Овие уметнички правци во архитектурата од денешен аспект, всушност, во себе ја носат и историчноста и континуитетот на нацијата да биде секогаш во чекор со светскиот архитектонски светоглед.

 

Во овој дел на на проектот ќе бидат изложени фотографии од архитектонските скулптури на архитектите Јанко Константинов, Георги Константиновски, Славко Брезовски, Едвард Равникар, Марко Мушич и други.

Извор >>>

Софија Стојаноска

Share This:

Коментарите се затворени.