Leave a comment...

Истражување за македонската куќа на словенечкиот архитект Душан Грабријан

ДУШАН ГРАБРИЈАН 1899-1952

Словенечки архитект, педагог и публицист. Меѓу другото од 1930 до 1945 година бил професор во Средното техничко училиште во Сараево. Од 1945 година работи како хонорарен предавач, доцент и вонреден професор на факултетот за архитектура, градежништво и геодезија при Љубљанскиот Универзитет по предметот теорија и историја на архитектурата и основи на проектирањето. Професорот Грабријан не беше само архитект-теоретичар со големи познавања и широки видици, туку тој беше и одличен педагог и предавач, прецизен аналитичар, критичар и стилист. Беше меѓу првите тројца што дипломираа кај проф. Јоже Плечник, негов голем обожавател, но истовремено и страсен истражувач на новите патишта во архитектурата.

DG CR

Ги познаваше добро идеите и творештвото на А.Лос, на Л’Корбизие, Ф.Врајт, А.Алт. Во стара сараевска муслиманска архитектура тој ги откри допирните точки со архитектурата на Л’Корбизие, авангардна во тоа време, а нешто подоцна тој ја согледа и уште поголемата сличност меѓу архитектурата на Л’Корбизие и старата македонска куќа, што ја претставува во своето дело ,,Македонска Куќа”.

DG MAP

Тој ја напиша ,,Македонска Куќа” врз основа на самостојни проучувања и набљудувања. На своите патувања низ Македонија во 1946, 1947, 1949 и 1950 година професорот Грабријан настојуваше своите истражувања за растежот и за оформувањето на македонската фолклорна архитектура, посебно на македонската словенска куќа, да ги продлабочи и да ги поткрепи со поголема документација. За жал, сите планови му ги прекина ненадејната смрт во 1952 година. Сепак оваа последна студија на проф. Грабријан претставува појдовна точка, пионерско дело – рамка и основа за натамошни испитувања во подрачјето на македонската архитектура.

DG SS

И така, со настојчивост на борец за напредната архитектура, тој го откри нашето богато архитектурно наследство и тоа на креативен начин, со погледи и сфаќања на современ архитект. Неговото гесло беше: ,,ТРЕБА ДА СЕ ТРГНУВА ОД РОДНАТА ЗЕМЈА И ПРИТОА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРИДОБИВКИТЕ НА СОВРЕМЕНАТА АРХИТЕКТУРА’’.

DG FSDG mm

DG AA

DG CAR

DG OS

Материјалот го приложи и обработи: Антонио Грујевски

Share This:

Коментарите се затворени.