Leave a comment...

Катерина Трпковска – добитник на Златен клуч

На Белградскиот саем за мебел 2017, на 10ти ноември е доделена наградата Златен клуч и ново установената награда Саемски клуч. Наградата ја додели генералниот директор на саемот Данка Селич.

За наградата одлучуваше жирито во состав Марко Басаровски – председател и членовите Макс Ромел, Матео Рагни, Син Поропат и Дамјан Гебер.

Образложението за доделените награди беше следно: „Се водевме од критериумите на добриот дизајн, функционалноста и квалитетот, не само квалитетот кој го задоволува домашниот пазар, туку глобалниот дизајнерски пазар. Нашите победници се брендови и објети кои каде и да се појават во светот, ние со гордост би стоеле за нив. Задоволството е дека нашиот саем, од година во година е се подобар, излагачите се подобри  и мислам дека можеме да бидеме оптимисти за нашата иднина.“

Наградата беше доделена во повеќе категории, а најзначајната за нас е наградата во категоријата најдобар млад дизајнер доделена на Катерина Трпковска (лампа КРАН), основач на македонскиот бренд за декоративни ламби RINOCCA.

Честитки за наградата до Катерина и успех во понатамошната работа 🙂

 

Извор: sajamnamjestaja.rs

Share This:

Коментарите се затворени.