Leave a comment...

Комплекс „Стара железничка станица“ / Гулевски, Радоњиќ, Смилевски, Христов

Анкетен конкурс за архитектонско-урбанистичко решение за комплексот Стара железничка станица – Скопје / III награда

Автори: Мартин Гулевски, Миодраг Радоњиќ, Стефан Смилевски, Ранчо Христов

Година: 1993

Извор: Бимас 1993

„Со ова конкурсно решение се предлага ширење на градскиот центар кон Водно, префрлање на рангот од ул. „М.Хаџи  Василев“ на ул. „Железничка“ и создавање градско јадро кое во себе интегрира повеќе функции, а наедно е и техничко решение за совладување на проблемот на Јужен булевар и неговото пробивање низ централното градско јадро, со што е можно помали проблеми и последици.

Предвиденото решение ги задоволлува сообраќајните барања и овозможува канализирање на брзата сообраќајница. Ова постигнато со поставувањето на „Т“ вливници и објекти паралелно со сообраќајницата по целата должина.

Примената на урбаниот блок во ова решение не е последица на тренд туку модел кој се потврдил во животот на градот. Сметаме дека на овој начин ќе се надгради старата градска матрица која со урбанистичкиот план од 1965 година е делумно нарушена.

Со понуденото решение е создадена пешачка зона која се потпира на аксијалната Бит-пазар – Плоштад – Железничка станица кон населбата Црниче и Клиничкиот Центар. На овој начин ги враќаме градот и улицата на граѓаните, а  не на возилата.

Со предложеното решение е задржано постојното зеленило и е предвидено дополнување покрај и внатре – во блоковите.“

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.