Leave a comment...

Конкурс за детски едукативни инсталации

Град Скопје распиша конкурс избор на идејно решение и реализација на Детски едукативни архитектонски инсталации во зелениот појас на Парк „Македонија“, „Градски парк Скопје“ и Парк Шума „Водно“.

Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество имаат сите физички и правни лица со едно понудено решение. Секој учесник треба да достави по едно решение за сите три предвидени локации.

Трудовите се предааат на максимален формат 50/70 см во затворена обвивка.

Како и повеќе конкурси организирани од страна на градот  и овој нуди оскудни технички информации.

Крајниот рок за предавање на трудовите е 23 март 2017 година, во архивата на град Скопје.

Конкурсната документација единствено можете да добиете  преку страната за e-nabavki  

 

 

Share This:

Коментарите се затворени.