Leave a comment...

Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“

НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје.

Заинтересираните субјекти можат да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот Мала станица на ул. Јордан Мијалков бр. 18 и/или да се информираат на телефон 02/3126856.

Kонкурсот е државен и анонимен, а право на учество имаат правни лица кои се регистрирани за вршење на дејност од областа на архитектурата и физички лица – дипломирани инженери архитекти , студенти по архитектура.

Предвидени се следните награди:

  • Прва награда за избрано најдобро идејно решение во висина од 200.000,00 денари
  • Втора награда за избрано идејно решение во висина од 60.000,00 денари
  • Трета награда за избрано идејно решение во висина од 30.000,00 денари

 

Овие награди истовремено значат и откуп на авторските права и обештетување на авторите во целост, за што авторите мора да пополнат и достават соодветни изјави за согласност.

Конкурсот е отворен до 21-ви Ноември, 2017-та.

 

 

извор>>> 

Софија Стојаноска

Share This:

Коментарите се затворени.