Leave a comment...

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ за паркот Лукобија

Рок: 05.09.2017 год. до 14.00 часот

Награден фонд:

– прва награда……………62.000,00 денари ;
– втора награда…………..37.000,00 денари ;
– трета награда…………..25.000,00 денари .

Цел на конкурсот е изработка на идејно –архитектонско решение за уредување на јавен градски простор со сите елементи и барања дефинирани во проектната задача, а во склад со актуелните урбанистички планови.
Со Идејното архитектонско решение да се постигне функционално и обликовно поврзување на паркот со околните сообраќајници односно тротоари, со посебен третман на пешачкиот пристап до паркот, притоа да се прикаже пешачка врска помеѓу сите ново креирани нивоа со пешачка сообраќајната инфраструктура односно постоечките тротоари.
Посебно внимание да се даде на изборот на местата за набљудување на што поширок пејсаж. Со подигањето на нивото за набљудување да се внимава на можноста за користење на едукација на идните генерации. За таа цел да се предвиди една училница на отворено, со природни материјали донесени од непосредното опкружување. Да се внимава и на изборот на објектите за едукација, набљудувачници.
Обезбедување на што повеќе зелени површини со високо и ниско зеленило, како и простор за поставување на обележје карактеристично за градот, е еден од битните елементи на архитектонско-урбанистичкото решение.
Во овој контекст потребно е да се предложи решение и на пешачките патеки низ целиот простор предвиден за парк.
Решавањето на овој отворен урбан простор е неопходно да се дефинира партерната обработка и да се вклучат сите потребни елементи на урбана опрема за кои се смета дека се неопходни за функционирање на ваков урбан амбиент, како што се места за клупи, улично осветлување, канти за отпадоци, ниско и високо зеленило, наткривања и сл.
Учесниците во конкурсот се слободни во предлагањето на материјали кои би се користеле и истите треба да бидат напоменати во решението.
Паркот на ридот Лукобија кој се наоѓа во централното градско подрачје, како дел од урбан склоп, покрај својата функционална улога, треба да задоволи и естетски квалитети на вклопување во постоечкиот амбиент.

Информирај се повеќе >>>

Share This:

Коментарите се затворени.