Leave a comment...

Конкурс за нов студентски дом „Тодор Александров“

Во тек е конкурс за избор на идејно решение за студентски дом во општина Карпош. Распишувач на конкурсот е службата за општи и заеднички работи на Владата на Р. Македонија.

Парцелата на која е предвидена новата градба, се наоѓа меѓу булеварот „Илинден“ и „Паркови и зеленило“. На истата со димензии од 2 872 м2, од кои површина за градба 1914 м2 се предвидува објект  П+5+Пк и  максимална висина на венец 21.5 м.

Студентскиот дом треба  да обезбеди сместување на 400 студенти, распределени во  185 двокреветни, 30 брачни и 5 соби за лица со посебни потреби.

Конкурсните трудови се предаваат на гореспоменатата адреса, најдоцна до 15 мај, 2017, презентирани на А0 формат.

За пристигнатите трудови се планирани да се додели една награда и два откупи:

-Прва награда – 500 000 денари,

– Прв откуп – 350 000 денари,

– Втор откуп – 250 000 денари.

Повеќе информации за истиот можете да најдете на страната за електронски набавки >>>

Share This:

Коментарите се затворени.