Leave a comment...

Ранохристијански мозаик на големата базилика во Хераклеа

Период: доцен 5 – ран 6 век
Површина: 100м2
Извори: Надживела представа сферног космоса на ранохришћанским куполама и подовима и на куполама српских средњовековних цркава – Г. Ц. Томашевич; Ремек-дела на ранохристијанската уметност во Македонија – Елизабета Димитрова; Хераклеа – И. Микулчич; фотографии: www.360macedonia.com; www.helenmilesmosaics.org; www.build.mk; mk.wikipedia.org;

%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-13 Веројатно делот од Хераклеа кој најмногу не поврзува со цивилизацијата која живеела тука пред стотици години е мозаикот на подот од нартексот на големата базилика.

Егзонартекст на големата базилика

Егзонартекст на големата базилика

Мозаикот содржи три елементи: небото, земјата и водата. Распоредот на елемнтите е сличен на останатите пронајдени космолошки претстави од ранохристијанскиот период – небесниот свет во центарот, концентрично развивање на земјата околу него, и водниот свет кој ја врамува целата композиција. Овие примери покрај својата декоративност претставуваат симболични прикази на космосот кои ни помагаат да го разбереме тогашното согледување на светот.

%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-15

%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-11Небесниот свет е претставен преку централниот мотив, р’бетото на оваа композиција околу која симетрично се нижат останатите елементи. Силмболизирајќи го христијанството виновата лоза „извира“ од кантаросот а кон неа пристапуваат следбениците – елен, срна, пауни и гулаби, зооморфни симболи на душите на верниците кои по смртта заминуваат во рајот. Со слична симболика е и ритуалното причествување кога христијаните го пијат виното – грозјето од виновата лоза – крвата на Христос, или пијат од Божјиот изор на верата.

Heralclea Bitola

Heralclea Bitola

Наспроти спокојниот приказ на рајската градина околу се развива светот на земјата, каде преку флората и фауната се пренесува прилично силна симболична порака. Борбите меѓу животните алегориски ја прикажуваат телесната смрт, човековите порази и страдањето. Со ова се прави силниот контраст помеѓу животот на небото и земјата – на рајот и пеколот.

%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-4%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-5%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-3

Земјината плоча плови во бескраен океан, па затоа и главното поле е опкружено со рамка која ја претставува водата преку низа преплети и прикази на морскиот свет.

%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-9

Самата намена на нартексот е претпостор пред базиликата, пред баптистериумот каде христијанинот преку процесот на крштевање се простува од гревовите и влегува во духовниот свет. Поради тоа целта на овој приказ е и графичко прикажување на повторното раѓање во вечниот живот во рајот, слика која предизвукува силен прв впечаток на верниците при влезот во објектот.

%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-2Следејќи ја техниката согледуваме дека станува збор за многу напредна работилница за мозаици, која користела различни материјали со кои успева да направи многу детална слика на подот од базиликата.

%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-10Мозаикот во нартексот на големата базлика во Хераклеа претставува врвно уметничко достигнување од ранохристијанскиот период. Неговото симболичко прикажување на христијанските догми инспирира и многу од подоцнежните мозаици во регионот. Денес, во склоп на археолошкиот локалитет Хераклеа, тој е заштитен како културно наследство на Република Македонија.

%d1%85%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%ba-14

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

Share This:

Коментарите се затворени.