Куќата на Касапови, Велес XIX век

November 12, 2015

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевскa

Локација : Велес

Век : XIX

Извори : Илустрации и текст : „Велешка куќа“ – Петар Намичев; Технички цртежи : Ефтимов Зоран

Профаната традиционална градска куќа во Велес која е создадена од периодот од 18-от до средината на 20-от век, претставува значаен дел од градителското наследство во Македонија. Основните услови по кои се развиле овие традиционални куќи биле : стрмниот терен, камената подлога, дрвото, каменот и земјата (како основни материјали за градење).

кука на Касапови цртеж 2Неправилната форма на парцелите, дворовите и куќите е прилагодена спонтано да го отсликува градското јадро и начинот на градителската концепција. Велешката традиционална куќа се одликува со ориентација кон надворешниот простор, а сите просторно-функционални елементи на куќата се вклопени во хармоничен сооднос. Градени се со примена на локални градежни материјали во комбиниран конструктивен систем на камени ѕидови (во приземјето) и бондручна конструкција (на катовите).

кука на Касапови цртеж 1

Куќата на Касапови е лоцирана во Велес и претставува тип на традиционална велешка куќа која некогаш, па и денес се смета за куќа со најатрактивна архитектура. Изградена е во 19-от век, а спрецифично за неа е што се простира на стрмен терен, лежи на голема карпа и изведена е без темели, и како што наведува словенечкиот архитект Душан Грабријан, практично е куќа која “лебди”.

Model

Model

Оваа куќа има мала дворна површина и се состои од приземје и кат, групирани во форма на буквата Г, чии фасади се ориентирани кон исток и север. Приземјето е изградено со ѕидови од камен кои се претопуваат со карпите на кои лежи, додека просториите на катот и чардакот се изведени од бондручна, дрвена конструкција и еркерно се издадени од приземјето. Нивната неправилна форма и потпорни дрвени косници даваат впечаток на лебдење.

Model

Model

Model

Model

Model

Model

Денес спомен куќата е под заштита и гласи како вредно градителско наследство кое е искличителен значаен симбол на старата велешка архитектура. Во текот на летото овде се одржуваат колонијата “Папрадишки мајстори” и останати значајни културни собири и манифестации.

кука на Касапови цртеж 3

Автор на статија: