Куќата на Тренчови, Комплекс Варналии, Велес / 1868

April 28, 2016

Година: 1868 година

Локација: ул. Јован Алабаков бр.5, Велес

Извори: Илустрации : „Велешка куќа“ – Петар Намичев; Фото : Моника Крстевска, Филип Конески

3

Градот Велес се одликува со значително богато наследство на архитектонски бисери кои сведочат за некогашната традиционална архитектура во градот. Велешките куќи се карактеризираат со свои архитектонски специфичности и белези преку кои се препознатливи. Овие куќи се со испуштени стреи, фреско декорации на венците, триаголно прекршување на покривниот венец, специфична опшивка на вратите и прозорците.

1

Катовите се еркерно испуштени, во неправилна форма со малтерисани и скриени косници. Ориентирани кон светлината фасадите на катовите се со многу прозорци. Најчесто куќите се со два влеза поради стрмниот терен и се карактеризираат со  мноштво на отворени чардаци кои се ориенирни кон дворот, а одаите пак, кон улицата.

11

Во периодот на XIX век, поточно некаде околу 1868 година во Велес на левата страна од р.Вардар биле изградени три куќи во месноста Варналиите, лоцирани на ул. Јован Алабаков. Тоа биле куќите на семејствата  Паунови, Прнарови и Тренчови кои се карактеризираат со староградски амбиент и се сведоштво на препознатлив градски амблем.

1 Ситуација - куќа на Тренчева Бона

Ситуација-куќа-на-Тренчева-Бона

Куќата на Тренчови поради специфичниот терен се отвора кон улицата со тесна фасада. Се состои од приземје и два ката, каде приземјето и катот се направени од камен со помала висина, а  вториот кат  е еркерно испуштен и направен од бондручна конструкција и има поголема висина преку која доминираат прозорците, опшивниот венец и архитектонската графика.

2 Основа на приземје - куќа на Тренчева Бона

Просториите се поставени по северниот и источниот обем од дворот, а под нив е формиран чардакот и тремот. Во куќата се влегува преку дрвена порта во поплочен двор и дворна чешма од каде водат скалите кон првиот чардак околу кој се наредени четирите одаи на “зимскиот стан” осветлени преку самиот чардак и преку прозорци.

3 Основа на 1 кат - куќа на Тренчева Бона

Вториот кат се состои од две одаи и помал чардак и овој кат е впечатлив по својата архитектонска композиција и во него доминира богато осветлената одаја составена од седум големи прозорци свртени кон улицата. Главна карактеристика на куќата била височината која со своите катови и кровот како да сакала да го освои небото.

4 Основа на 2 кат - куќа на Тренчева Бона

Белината на варосаните фасади со нагласените еркери кои се надвиснуваат над тесната улица и темнокафените опшивки на прозорците претставуваат совршена композиција на стариот архитектонски бисер. Исфрлената стреа во завршната обработка е изведена со фреско сликарство и исликана со мотиви на флора и фауна кои претставуваат вистинско уметничко дело.

5 Фасада - куќа на Тренчева Бона

Во просториите на катовите таваниците се убаво обработени со штици, а во одаите има вградена покуќнина обработена со манирите на традиционалните ентериери.

8 Таваница во одаја - куќа на Тренчева БонаТаваница-во-одаја-куќа-на-Тренчева-Бона

7 Мусанда - куќа на Тренчева Бона

Мусанда-куќа-на-Тренчева-Бона

10 Ограда - куќа на Тренчева Бона

Ограда-куќа-на-Тренчева-Бона

9 Изглед на вградена покуќнина и прозорци - куќа на Тренчева Бона

Изглед-на-вградена-покуќнина-и-прозорци-куќа-на-Тренчева-Бона

6 Фасада 2 - куќа на Тренчева Бона

Оваа куќа, стара 150 години, била прогласена за историско наследство уште од 1964 година. Поради својата автентичност, во оваа куќа биле снимани неколку сцени од филмот “Мис Стон”, а користена била и за симање и на други два пред околу 40-тина години.

Цртеж 3

Цртеж 4

Овој мал „комплекс“ како и многу други вредни дела на македонското градителство, пропаѓа на сметка на проекти кои немаат допир со автентичноста и со терминот-културно наследство.

1914309_153605331166_6549619_n

1914309_153605326166_6909586_n

1914309_153605341166_3499520_n

1914309_153605336166_5150722_n

Марх апелира и повикува на заштита на ова наслество, како дел од ретко сочуваните станбени објекти од XIX век во Македонија.

12705230_10153436996026167_2017588036402899206_n

 

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска

Автор на статија: