Македонска православна црква во Загреб (Св. Злата Мегленска)

Автор: Зоран Бошевски, Борис Флолиќ, Жељко Голубиќ

Фирма: Studio BF

Локација: Нова цеста, Загреб, Хрватска

Инвеститор: Македонска православна црковна општина ‘Св. Злата Мегленска’

Проект: 2008-2014

Бруто површина: 945m2

Површина на тло: 615m2

Капацитет: 250 места за стоење (црковен двор)

Материјалот го приложи и обработи: Антонио Грујевски

„АРХИТЕКТУРАТА ПОДРАЗБИРА КОМПРОМИС ПРЕТВОРЕН ВО РАДИКАЛНО ИСКАЖУВАЊЕ, Т.Е. СПОСОБНОСТ ЗА ВПИВАЊЕ НА СПРОТИВНОСТИ И НАДМИНУВАЊЕ НА КОНТРАДИКЦИИ. ЗА ДА СЕ НАУЧИ ИСТОТО, СЕ ПОДРАЗБИРА ПОДУЧУВАЊЕ ЗА ТОА КАКО ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ДРУГИОТ ВО СЕКОГО!“

Алваро Сиза, Записи за Архитектурата

Религиски центар и црква на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) се вдоми во постоечката средина на урбаната матрица на Старата Кнежија низ Загребската Авенија.

1Ситуација 1:5000

На предложената локација, објектот се обидува да се вклопи во самата средина која ја опфаќа и надоградува, затоа што тое е и единственото нејзино место. Постои надеж дека доколку местото и градбата се спојат, ќе се надминат физичките и функционалните барања со што ќе се создадат нови вредности во просторот на градот.

3Ситуација 

Влезот е лоциран на север, односно од платото низ Љубљјанската авенија во правец на дрворедот на алејата. Истиот го покрива издолженото правоаголно тело на камбаната и служи како голема стреа која се ориентира кон дворот кој води до религискиот центар.

18Поглед од ул. ‘Загребачка авенијa’

Црквата нема отворен пристап, туку преку перфориран ѕид формира предворје кое служи како заштитен двор. На тој начин просторот пред црквата е поинтимен и дистанциран од силниот промет на авенијата.

14

4Внатрешен двор

Изгледот на црквата е во форма на квадратен волумен со цилиндричен свод кој се протега низ целата должина, а се дистанцира странично од ѕидовите и завршува во карпест иконостас.

 

7

Основа на приземје

Целиот простор е осветлен со дифузна светлост oдносно со тесни отвори од северната и јужна фасада, а со помош на цилиндричен свод се обезбедува интимност и скриеност.

9Пресек

Ѕидовите и таванот на главниот дел од црквата се оставени како празни страници на книги кои чекаат содржина.

5Поглед од ул. ‘Загребачка авенијa’

Во влезниот простор на религискиот центар е сместена вертикалната комуникација за катот, кој пак е проектиран како стан за свештеникот и неговата фамилија. Во подрумот се лоцирани сервисните простории на црквата, салата за собирање и апартманот за гости.Тој простор се предвидува како подрумски, но е осветлен и прозрачен преку денивелираниот двор со што е осигурен интимниот и поливалентниот простор за собирање и дружење.

19

Се настојува да се оствари едноставна, но симболична композиција во која јасно се читаат влијанијата на традицијата.

12

6Западна фасада

10

8Источна фасада

Фасадата е проектирана од бетон , компониран од бел цемент и биран агрегат. Со квалитетна и внимателна изработка на бетонот се има намера во завршната текстура на фасадата да се вклучи влијанието на човечкиот труд, кој ќе биде читлив на ликот на самата градба со сите свои несовршености. (постапка која е инспирирана од традиционалната македонска црковна градба) Со изборот на материјали и нивната внимателна употреба, целта е да се прикаже физичката работа како составен дел на градбата.

13Стидио BF

Автор на статија: