Leave a comment...

Македонското знаме

Автор: Мирослав Грчев

Година (усвоено): 1995

Извори: heraldika.org.mk, wikipedia

Знамето на Република Македонија е црвено со златно- жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.

Аплицирањето на знамето според науката која се занимава со истото (вексикологија), се случува во неговите вистински пропорции, што не е случај во примената на истото на Портата Македонија.

@Diego Delso

Аплицирањето на симболите како хералдичките, така и вексиколошките, се значајно застапени во архитекурата низ вековите. Со нив се означувал нивниот сопственик, фамилија, традиција, државност, титули и сл. Нивното значење е дефинирано преку текстуален технички опис од кои ги читаме и потоа уметнички аплицираме каде има простор за различна интерпретација, но нивните пропорции секогаш ги задржуваме во оригиналниот сооднос.

 

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.