Мал плоштад за населба Жданец / Игор Василевски

December 26, 2015

Извор:  karpos.gov.mk

Автор: Игор Василевски

Година на проектирање: 2015

„Во втор наврат, после современите скали кои наидоа на широка поддршка, населбата Жданец, ќе биде „почестена“ со уште едно прекрасно урбанистичко решение. Имено, архитектот  Игор Василевски од Креативниот тим на Општина Карпош, смисли оригинално решение за сквер (мало плоштатче на околу 500 квадратни метри) кој за жителите на Жданец ќе има релаксирачка, но и инспиративна функција.„Алатките“ кои се прапочеток во неговата креативна мисла Василевски успеа да ги преточи во урбана опрема која ќе се најде на скверот во Жданец. Тоа се светилки – клукачи, штипки-клупи, моливи-јарболи, спојувалки-држачи за велосипеди и други апликативни досетки. Сепак, она што е една од најочекуваните и најпосакувание решенија е големото пано за графити каде што урбаните дечки од Карпош ќе имаат простор преку цртеж да ја искажат својата творечка мисла.“ 12432853_10153838969262679_357430745_o 01 16 02 03(2) 14 10 09 12 13

Автор на статија: