Leave a comment...

Мартин Гулески 1945 /

Извор: AAM

Архитектот Мартин Гулески е роден во Струмица во 1945 година, a своето основно и средно образование ги завршил во Скопје. Вонучилишните активности во макетарските секции во рамките на основното училиште и пионерскиот дом Карпош претставуваат неизоставен дел од неговото дополнително образование. Првата средба со архитектонските градби преку изработка на нивни макети се случува во просториите на ателјето на тројца архитекти кои, покрај својата професионална активност, неформално учат неколку ученици од основно училиште за да ја совладаат вештината на изработка на макети од хартија (издание Народна техника – организатор на натпревари на макетарските секции во Републиката на неколку нивои: општинско, градско, републичко и сојузно).

Архитектот Гулески дипломирал на Архитектонскиот факултет при Политехничкиот институт во Лвов, Украина во 1969 година. Студентските години ќе остават значајно влијание врз формирањето на неговиот иден професионален однос, каде што клучно место зазема педагошкиот и професионалниот однос на повеќе професори. Можноста за заедничката работа со нив на реални проекти, задолжителните практични градежни обуки по секоја учебна година, а особено преддипломската практична работа во траење од половина година во едно од проектантските бирои во градот, го комплетираат неговото професионално образование. Доброволното учество во работата  на  еден од студентските градежни одреди во траење од два месеца, со успешна  реализација на неколку објекти, најдобро сведочат за квалитетот и сестраноста на петгодишното образование. Студискиот престој на Московскиот архитектонски институт, во траење од една учебна година, ги проширува и продлабочува познавањата за состојбите во архитектурата од периодот на советската авангарда и претставуваат база за натамошното усовршување на сопственото образование.

Martin-GUlevski-kukja-vo-Dojran-79_MARH-770x500

Својата проектантска кариера Мартин Гулески ја започнува веднаш по дипломирањето, во проектантското биро „Пелагонија проект“. Во 1972 година е избран за асистент на Архитектонски факултет Скопје на Катедрата за Проектирање на општествени згради. Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград, Србија во 1986 година, а во 1991 година го брани својот докторски труд на тема „Проблемот на флексибилноста на просторот на повеќенаменските згради за култура“ на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што е избран за доцент во 1992 година. Блиската соработка на секој план и во секакви околности со професорите Борис Чипан, Славко Брезоски, Живко Поповски и Михајло Волканов, во текот на повеќе од три децении, претставуваат постојан растеж и надградба на личниот професионален профил. Веројатно омилен дел од работата во областа на архитектурата е несебичната желба за пренесување на знаењето и умеењето на генерациите што доаѓаат. Успешното извршување на оваа задача воедно значи и благодарност кон сите негови учители.

logo-Escuela-Arquitectura-Skopje

Од 1991 година Мартин Гулески е постојан соработник во Проектантското биро „Ателје Ајвар“ во Скопје. Работата со групата Ајвар претставува натамошна професионална надградба, основа за теоретски поуки во паралелната педагошка работа и обратно, проверка на учебната материја во практичната дејност. Особено значење во професионалното работење во групата, подоцна и во Ателјето Ајвар, имаат двете самостојни изложби 10 и 25 години архитектура во рамките на биеналните манифестации на ААМ во просториите на Националната галерија Даут пашин амам и Музејот на современата уметност во Скопје.

1545073_647532501952234_1587149082_n

Архитектот Мартин Гулески во својата богата професионална кариера е автор на повеќе од 100 проекти и 20 реализации. Учествувал и е наградуван на повеќе од 20 домашни и меѓународни конкурси. Учествува во работата на летни школи, архитектонски работилници, архитектонски манифестации, изложби, издавачки редакции на архитектонски списанија и е член на разни стручни комисии.

Учеството на сите манифестации на ААМ за архитектот Гулески се задолжителен предизвик за јавен настап самостојно или како член на некој тим. Тој е добитник на признанија на архитектонски манифестации во Македонија и странство: добитник е на двете најпрестижни награди што ги доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија – Големата годишна награда за архитектура на ААМ во 2000 година, како и Гран при на БИМАС 2002 година и двете за објектот на Гимназијата „Нова“ во Скопје (проект работен со проф. Влатко П. Коробар). Во 2008 и 2010 година е дел од тимовите што ја претставуваат Република Македонија на Венецијанското биенале за архитектура и тоа во 2008 година како соавтор на проектот „Метамак отсечоци“, и во 2010 година, како педагог на проектот „Учење од архитектурата“.

 

 

Share This:

Коментарите се затворени.