Leave a comment...

Мермерно езеро – Прилеп

Локација: село Беловодица Прилепско

Човечка интервенција: XX-XXI век

Во близина на селото Беловодица, близу градот Прилеп се наоѓа Мермерното езеро кое претставува пејзаж (landscape) од неизмерна категорија (extraordinary).  На локацијата се вршело ископ на мермер се додека при ископот се стигнало до извор на природна вода која го запрела процесот.

Мермерниот пејзажен монумент се наоѓа на западната страна од планината со што при залезот на сонцето мермерот добива интензивна бела боја, а сенките од засеците и контрастите добиваат висок интензитет. Формите на парчињата мермер се совршени коцки, заради машинските засеци и тоа создава фасцинантна композиција и безброј просторни можности. Засеците се во повеќе нивоа кои се делумно пристапни за луѓе.

Висината на еден засек е најмногу 6м. Монументалноста и доминатноста создава чувство како да сте присутни на друга планета или на сцена од Star Wars. Водата има совршено смарагдна боја, а во длабочината се гледаат останаци засеци на мермер.

Додека престојувате се чуствува мирис на мермер кој е пријатен и смирувачки. Мермерното езеро е дефинитивно предел каде природата и вели стоп на човечката рака. Им предлагам на сите, а посебно на архитектите да го посетат и да се инспирираат од безбројните можности на убави фотографии и композиции од камен, вода и небо. Се надевам дека пред да го загадиме ова пејзажно богатство ќе биде заштитено од надлежните институции.

Според Конвенцијата која е засегната за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, следните категории спаѓаат во културно наследство:

  1. Споменици
  2. Групи на објекти
  3. Предели/Области: Работа на човек или комбинација од работата на природа и човек, и предели вклучувајќи археолошки наоѓалишта кои се со невообичаена универзална вредност од историска, аестетска, етнолошка и антрополошка гледна точка.

 

Материјалот го приложи и обработи: Сара Симоска

Share This:

Коментарите се затворени.