Могила на непобедените / Богдановиќ

Локација: Прилеп, Парк на револуцијата

Автор: Богдан Богдановиќ

Година: 1961

Фотографии: Борис Јурмовски, Филип Конески

Извор: Википедија

%d0%bb%d0%be%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0

Могилата на непобедените претставува меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот е изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.

img_7338

Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ.

img_7327

Во вториот дел се наоѓа криптата – заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.

img_7329

img_7334

На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки.

img_7341

img_7335

Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година,  градот Прилеп го подига монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамките на овој Парк.

img_7379

img_7375

На кружниот плочник се издигаат осум мермерни урни кои го симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации.

img_7339

img_7324

img_7328

Паркот на револуцијата за споменик на култура е прогласен во 1989 година. Во состав на споменичкиот комплекс

img_7371

img_7370

img_7359

img_7374

Во неа на мермерни постаменти поставени се бронзени спомен бисти од десетте загинати Народни херои од НОБ од Прилеп. Кире Гаврилоски-Јане (1918-1944) Илија Игески-Цветан (1920-1944) Орде Чопела (1912-1942) Борка Талески (1921-1942). Кузман Јосифоски-Питу (1915-1944) Мирче Ацев (1915-1943) Борка Велески-Левата (1912-1942) Рампо Левката (1909-1942) Лазо Филипоски-Лазовски (1918-1942) Круме Волнароски (1909-1944)

14355512_874592416005035_8212738785778484092_n

14322334_874592252671718_6244153542093249971_n

14344873_874592196005057_3068999454417131568_n