Најава на прва Вонредна Сесија – Формат: Списаниe

October 19, 2017

На 24-ти Октомври 2017, во 18:00 часот во холот на јужниот коридор на Архитектонскиот Факултет – Скопје е закажана прва Вонредна Сесија со наслов ФОРМАТ: СПИСАНИЕ. Организирана од Архи.тек во соработка со Архитектонскиот Факултет – Скопје, овој настан е замислен како неформален собир и разговор за архитектурата и културата, со посебен акцент на издаваштвото на списанијата за архитектура во Македонија. Преку разговор со уредниците и изложување на архивски примероци, оваа средба ќе претстави ретроспектива на период во кој се издадени меѓу другите и списанијата А: (А спрема) и АРШИН кои покрај својата широка и квалитетна содржина биле и извонредно графички обработени.

Оваа изложба може да е од интерес на секој кој е љубител на архитектурата, графичкиот дизајн, фотографијата и издаваштвото.

Потврдени соговорници:
Минас Бакалчев
Мартин Гулески
Влатко П. Коробар
Јасмина Силјаноска

Линк за настанот (https://goo.gl/KQX6SK)

Линк за организаторот (https://goo.gl/byU4T8)

 

Љубен Трајаноски

 

Автор на статија:

| / / / |