Leave a comment...

Најавена промоција на книга на д-р Петар Николовски

„Каталог на линеарни топлински мостови во згради во зеизмички региони„  е насловот на книгата на д-р Петар Николовски која ќе биде промовирана на 18 септември , во 12 часот во просториите на хотел „Континентал“.

Книгата ќе биде издадена од страна на Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија, додека како модератор на промоцијата ќе биде професорот  д-р Миле Димитровски, инаку претседател на комората.

Книгата е наменета за сите во струката, студентите, архитектите и инженерите, изведувачите, особено оние кои се посветени на енергетската ефикасност.

Предметниот “Каталог на линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ има претензии да биде во употреба во земјите од бивша Југославија, Бугарија, Романија, Грција, Албанија, бидејќи европските директиви бараат и во овие земји влијанието на топлинските мостови да биде вклучено во пресметките за енергетските карактеристики на зградите. На 416 страници во Каталогот се обработени повеќе од 11 000 детали на топлински мостови и повеќе од 40 000 резултати за пресметани физички големини.

Инаку, по дефиниција, топлинските мостови се делови од згради каде што се случуваат зголемени топлински загуби во однос на останатите делови, а последица на ова е кондензацијата на внатрешните површини на топлинските мостови, со појава на мувла. Од медицински аспект мувлата е многу опасна по здравјето, па затоа неопходна е соодветна анализа со цел во градбата да нема појава на кондензација.

Извор: Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија

 

 

 

Share This:

Коментарите се затворени.