Leave a comment...

ОТВОРЕН ПОВИК – Работилница за дизајн на мебел и декоративно осветлување

Пет дневна работилница за мебел и декоративно осветлување во Јавна Соба, отворена за сите студенти на факултетите на дизајн!

Пријавувањето трае до 20. јуни, 24часот.

Учеството е бесплатно, а добиеното знаење бесценето.

 

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА:

Работилницaта во Јавна Соба ќе трае 5 дена, од 26. јуни до 30. јуни , секој ден од 10 до 15ч.

Во текот на овие денови ќе истражуваме пазари, материјали, ќе разговараме за дизајн, ќе скицираме и изработуваме макети за производи – парчиња мебел и декоративно осветлување.

Во летниот период, јули-август, мајстори ќе ги изработуваат овие концепт производи.

Во септември ќе се изработуваат промотивни материјали за нив, а по тоа следи претставување на производите пред пошироката јавност преку продажна изложба и онлјан медиуми.

 

ЗА КОГО E НАМЕНЕТА:

Работилницата е наменета за сите студенти кои сакаат:

  • да научат како од идеја се доаѓа до готов производ подготвен за продажба во продавница,
  • да дознаат како може да се заработува како дизајнер,
  • да го искусат целиот процес на истражување, производство и промоција,
  • да го увидат бенефитот од тимска работа.

 

МЕНТОР:

Тамара Георгиевска- индуструски дизајнер

 

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ:

Потребно е да се испратите портфолио со вашите студентски проекти, CV, како и краток опис (еден параграф) зошто сакате да учествувате на работилницата на tamara@publicroom.org

За фајлови поголеми од 5MB, ве молиме користете www.wetransfer.com

За учество во работилницата ќе бидат одбрани до 10 студенти.

 

Аплицирај, биди еден од нив и научи многу, многу нови работи!

 

За повеќе информации пишете ни на tamara@publicroom.org

 

 

Share This:

Коментарите се затворени.