Leave a comment...

Поплавите во Скопје и скопско и нивната превенција

Извор: „Вардар низ Скопје“ – проф. д-р Живко Шкоклевски, 2000

Скопје и скопско од времето на старите цивилизации до денес се сведоци на природни катастрофи. Градот и околијата секојпат страдале од земјотреси и поплави.

Она што се случи овие денови во местата Стајковци, Смиљковци, Арачиново, Црешево и останатите приградски и рурални населби е најголемата природна катастрофа во регионот, по скопскиот земјотрес 1963 година. До сега бројот на жртвите достигна повеќе од 20, уништени и срушени се  неброени живеалишта, стопански дворови, угинат е добиток и домашни миленици.

Poplava Skopsko 2016

Катастрофата е предизвикана од природниот феномен „Дождовна бомба“, која вакумира енергија во облаците при нагло мешање на температурните разлики во истите до ниво на распрснување и експлозија.

Vodena bomba

Ефектот предизвикува нагло празнење на водата, со појава на ветерен удар кој може да достигне и брзина до 150 км на час, пропратен со електрични празнења. Во една ваква ситуација, ударот при кулминацијата е смртоносен  во епицентарот и при солидна инфраструктура, бидејќи бранот е еднаков на радијално цунами. Во скопското село Брњарци се зборува за бран кој  достигнал  4 м висина, што кажува за силината на феноменот.

Poplava skopsko 2016 posledici

Но, дали само природата е виновна за сето ова случување?

Човечката одговорност и летаргичноста на македонското општество неминовно допринесува во огромен процент за крајниот биланс на жртви и штети.  Некои од нив во овој случај се:

-сечењето на природната вегетација во нископланинските ридишта на Скопска Црна Гора од страна на локалното население;

-неодржување на мрежата на одводни канали која и онака не е доволна по обем и капацитет;

-пропусти во изведбата на Обиколницата за која се повеќе говорат експертите и со тоа создавање услови за заезерување на Стајковци како најниска точка од каде водата нема можност да го продолжи патот, итн.

popgal2

@фото

Скопје во историјата памети многу поплави, кои во последните векови се евидентирани низ архивите:

  • Поплава 1778, архивирана во списи од старата скопска митрополија и податоците кога е изграден објектот, каде се посочува подобрата нова локација и начин на градба за да не настрада објектот како во следна поплава;
  • Поплава 1858 година, документирана од вакуфот кој управувал со Арифбеговиот јаз и водениците, кој пишувал за големите трошоци во санацијата. Документот е виден од страна на Сибиновиќ ;
  • Поплава во 1876 година, најмногу погодено е селото Долно Лисиче кое е целосно разурнато, а жителите целосно се селат во Горно Лисиче;
  • Поплави во 1895 и 1897 година, во кои најмногу  страда центарот на градот, што е и причина за првата регулација на коритото од страна на Хафус паша -скопски валија;
  • Поплава 1903;
  • Поплава 1916 година, во која регулацијата помогнала да се спречи излевањето на Вардар на левиот брег, но затоа Скопско Поле било целосно поплавено;
  • МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_3
  •  Поплави 1935 и 1937 година, со податоци од водомерни станици во Шишево на реката Треска

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_4

  • МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_5
  • Поплава 1962, катастрофа документирана и позната меѓу населението

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_9

Скопска поплава 1962

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_6

  • Подигнување на нивото на Вардар 1976 година

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_10

  • Поплава 1979 година

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_7

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_8

Архивите и искуството ни покажуваат за свесноста на опасност од поплави, за која сериозно се размислувало во урбанизирањето на градот Скопје после земјотресот.  Тоа е процес кој е почнат во 60тите, но за жал и застанат со конечната регулација на Вардар во потегот Хром- Ново Лисиче во должина од 15 км, за кое се зборува дека е интервенција рамна на фараонски потег.

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_16

Во целиот систем на заштита влегува и планирањето на хидроцентралите на реката Треска  со кои се контролира најголемата и најводната притока на Вардар. Тука се изградбата на ХЕЦ „Козјак“ и ХЕЦ „Св. Петка “.

Вардар како река која денес ја гледаме како средно голема и линиски дефинирана, некогаш била двојно поширока во својот пресек, полноводна и со атрактивни меандрирања  формирајќи острови.

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_26

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_21

Речната морфологија и природните географски карактеристики со регулацијата на Вардар ги имаме изгубено како доживување на сметка на безбедноста на градот – скротување на реката.

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_2

За големината на Вардар во минатото сведочи и големината на Камениот мост, кој достигнува должина од 214 м, како и податоците дека до средината на XIX век мали пловни објекти се обраќале на релација Солун- Велес што говори за пловноста на Вардар.

Значи сериозноста на Вардар и неговиот променлив капацитет кој предизвикува опасност за Скопје и околината од поплави се нешто што добро го знаеме. Но зошто откако градот е обезбеден од Вардар се заборави на канализационата мрежа во градот, како и небезбедноста на скопската котлина и другите населени места?

Значајните анализи кои се работеле во соработка со студијата Нордконсулт, развиле системи на насипи кои требале да го обезбедат и Скопско поле од прилив на вода од Вардар, но и  канали кои треба да ја  прифаќањаат  дождовницата од Скопска Црна Гора и Водно и нејзино изнесување во Вардар. Значаен дел од тие системи се изведени но за жал не се одржуваат редовно.

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_28

Во книгата на проф. д-р Шкоклефски се забележани сите овие податоци, каде се јасно издвоени  плановите за одбрана од поплави, прогностичките информации кои се од исклучителен значај при справување со можни ситуации, математичките калкулации, како и текот на активнсотите од она што е завршено до денес.

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_1

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_13

Посебен осврт е насочен кон регулацијата на Вардар низ градот проследено со фотодокументација, технички цртежи и нумерички податоци.

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_29

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_32

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_22

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_31

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_33

Во сите излагања и говорења за потребата од продолжувања на активностите од студијата за заштита се забележува посебниот осврт кон Скопско Поле и регионот кој настрада деновиве, како критична точка. Овој потег е значаен сообраќаен јазол за Скопје и Република Македонија, каде минува железницата, каде е најголемиот аеродром во државата и каде се случува најголемото прекрстување на меѓународните патишта. Забележува дека непогода во овој регион покрај сообраќајниот и економскиот колапс, може да предизвика жртви и штети по населението.

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_25

МАРХ_Живко Шкоклевски_ Вардар низ Скопје_24

Како заклучок на сето ова, може да се каже дека на Македонија никогаш не и недостасувале експерти, ниту луѓе кои се способни да планираат и проектираат. Секогаш останува одговорноста на властите кои калкулираат со средства и не ги прифаќаат предупредувањата на експертите, како во сферата на градежништвото, урбанизмот така и во архитектурата, економската политика итн. Големите инфраструктурни проекти не смеат да се реализираат половично или да се отпочнат без обезбедени средства.

Но, за жал професионалците го немаат последниот збор, туку политиката е таа на која се остава целата слобода на одлучување.

Не треба да се случи земјотрес за да градиме сеизмички стабилни објекти, ниту треба да има катастрофална поплава за да разбереме дека треба да ја заштитиме природната средина и да ги обезбедиме канализационите системи! Во ова секако придонесуваме и ние граѓаните, кои имаме слабо чувство на општествена одговорност во момент на индивидуална благосостојба.

После ваква катастрофа повторно се отвораат старите прашања за недоволната функционалност на ова општество и невозможното разбирање зошто немаме ефективен центар за кризи кој треба да е  на готовс, со каква опрема располага овој центар, во какви објекти е позициониран, колку луѓе се вработени и како се организирани, зошпто центарот не поседува своја механизација  туку се чека на помош од другите институции? Зошто не се послушани препораките на експертите од Градежен факултет при реализирањето на обиколницата на Скопје и зошто сите премолчуваат на сечата од локалното население на шумите во Македонија?

Многу прашања, очајни одговори и неразбирлива лежерност сите овие изминати години.

13902648_10153658054826576_5077725272972679608_n

Едно нешто што крепи е само организираноста на населението и професионалците кои се трудат да превземат акции и хуманитарни случувања во своја организација со цел да се помогне на сограѓаните.

 

Ф.К

 

 

Share This:

Коментарите се затворени.