Leave a comment...

ПО ТРАГИТЕ НА ЕДЕН МОДЕРНИСТ

Вчера со почеток во 20: 00 часот во Музејот на град Скопје, се отвори изложбата во чест на архитект  Борис Чипан, насловена како „По трагите на еден модернист“.

Изложбата беше отворена од нејзиниот куратор, Фросина Зафировска, деканот на АФС, Минас Бакалчев и синот на Борис Чипан, архитект Александар Чипан, кои оддржаа воведни говори  за неговиот лик и дело.

Семејството на Чипан, на музејот на град Скопје, му има отстапено повеќе од 500 лични предмети, цртежи, скици, проекти, материјали на великанот кои беа основа за организирање на изложбата. Обработката на материјалот и негова селекција ja извршија Доминика Бошкова и Фросина Зафировска, додека во текстовите се вклучени и Димитрије Голубовски, Михајло Волканов, Мартин Гулески, Влатко П. Коробар и Минас Бакалчев.

Одличната макета на МАНУ е дело на Горан Мицковски, Андреј Прошевски и Методија Ѓеорѓиев, додека реставрацијата на макетата од реконструкцијата на Св. Софија ја реализираше Никола Кекеновски.

Борис Чипан е роден во 1918 година во Охрид, а почина во 2012 година. По неговото дипломирање во Белград се враќа во Македонија каде се вклучува во повеќе проекти, реализирајќи значајни дела од кои најмногу познат по зградата на Македонската академија на науките и уметностите. Познат како професор, архитект, публицист, конзерватор, инжењер…

Фотогалерија:

Фотографии: Борис Јурмовски

Правила за превземање содржина од  www.marh.mk >>>

 

Share This:

Коментарите се затворени.