Leave a comment...

Реалноста на ситуацијата со архитектурата и урбанизмот во Македонија, низ призма на серијата „Фамилијата Марковски“

Последниов викенд македонската јавност го проследи финалето на серијата „Фамилијата Марковски“ која се емитуваше изминатиов месец( АртПроектЛаб). Сочинета од 8 епизоди во единствената сезона ( за сега ) го разработува животот на едно современо македонско семејство со сите негови препреки, низ призмата на тековното македонско општество. Ваквите серии имаат содржина со архивска димензија, бидејќи лесно се препознаваат сите „болки“ на животот изминативе години, декади.

@МАРХ / Борис Јурмовски

Една од нив, секако интересна за нас е ситуацијата со урбанизмот, архитектурата и криминалот кој урбаната мафија го спроведува со помош на политиката. Генерацијата која дипломираше последниве 5-10 години, но и целата фела, невозможно е да не се препознае низ случките на оваа серија.

 

@МАРХ / Борис Јурмовски

Семејството Марковски живее во една иконична зграда на модерно Скопје, на улица „Орце Николов“, дело на архитект Лудјек Кубеш . Во семејството, во ликот на Јана е претставен млад архитект, вработена во успешно архитектонско биро ( сценографија – просториите на Радо Инженеринг) кое навлегува во игрите на инвеститорството.

просториите на Радо Инженеринг

просториите на Радо Инженеринг

Таа покрај работата која не нуди реална плата, работи и како асистент на Архитектонскиот Факултет во Скопје, каде се соочува со етиката и моралот на професијата – контра тежа на она што го работи во „AG дизајн“. Истовремено врз нејзината фамилија се прават притисоци од страна на криминалните инвеститори кои се обидуваат насилно да ги присилат станарите да се отселат.

Кадар од Архитектонски Факултет / Фамилијата Марковски

Низ целото дејствие e прикажана состојбата во светот на архитектурата – проблемите со легислативата, бирократијата, ненаситните бизнисмени, лошите урбанистички планови, немоќноста на факултетот да влијае во општеството, ниските плати на архитектите и притисокот со кој се соочуваат во работното време, константното искушение на патот кон реализација на еден проект итн.

Но и покрај негативните дејствиа, се насетува растењето на еден борбен дух да се истрае и попречи патот на лошите настани кои ги опфаќаат секој индивидуално, но и заедничкиот живот во семејството.  Во овој дел борбеноста ја поведуваат младите, а предизвикани се и постарите да се придружат.

Кадар од Архитектонски Факултет / Фамилијата Марковски

Сликата не потсетува уште на првиот протест на студентите на Архитектонскиот факултет и првиот импулс кој го дадоа во спротивставувањето на градењето во центарот на Скопје. Повеќе години подоцна продолжен од средношколците и студентите при УКИМ но во друг контекст на образованието.

Кадар од средното училиште „Орце Николов“/ Фамилијата Марковски

Покрај светот на нашата професија во серијата се опфатени и темите како маргинализирани заедници, здравство, школство, предрасуди, дигитализација и нејзин инпакт на секојдневните животи итн.

Кадар од Серијата „Фамилијата Марковски“

Низ кадрите на серијата забележуваме повеќе слики од постземјотресната архитектура на Скопје, но не само во екстериерната форма туку интегрирана и со ентериерните доживувања. Ќе го забележиме средното училиште “Орце Николов”, Градски Ѕид, блокот “Москва”, Архитектонскиот факултет, населбата Карпош, Дебар Маало итн.

Кадар од Серијата „Фамилијата Марковски“

Серијата веќе доживеа иницијатива од гледачите да продолжи во повеќе сезони, небаре повикувајќи се на компарацијата со сопствениот живот – што ќе се случи понатаму?

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.