Leave a comment...

Св. Климентов Универзитет на Плаошник / Константиновски

Година: 2009

Локација: Плаошник, Охрид

Автор: Валентино Константиновски

Студио: Етапа Дизајн

Извор: „Созревање / Maturation“

„Плаошник е едно од најголемите духовни и интелектуални светилишта од каде македонскиот народ црпел иеизмерна енергија и сила. Плаошник е место каде времињата се преплетуваат, каде слоеви историја се наталожени и коегзистираат. На локацијата можат да се најдат шест историски периоди, секој со својата архитектонска специфичност и мисла. Ова наложува понатамошното градење на Плаошник да биде симбол и печат на времето во кое се создава.

Ако локалитетот е место каде 6 историски периоди оставиле трага, по некоја случајност овој дизајн во себе носи 6 различни симболики: СЛОЕВИ -НАСЛОЈУВАЊЕ-НАПЛАСТУВАЊЕ, извлечено како паралела од она што се случува на Плаошник. Место каде времето остава свој слој, белег и трага.

СЕГМЕНТИ-ПАРЧИЊА-РЕКА НА МУДРОСТ, локалитетот својот континуитет го има по две оски: историски(постојана окупираност) и програмски(секогаш во функција на светилиште). Токму затоа и просторот кој е дизајниран се развива во континуитет. Течение од еден во друг простор, од една во друга содржина, слеани во дизајнерска целина. Воедно тоа течење симболизира течење на знаење, размена и комуникација помеѓу институциите кои се тука.

ТКИВО-МУСКУЛ, целиот комплекс има структура која сугерира на ткиво-мускул кој го заштитува и затвора целиот локалитет. ПЕЈСАЖ-дизајнот доловува елементи на предел, пејсаж. ЕЗЕРО-БРАНОВИ-ВОДА, бојата и дизајнот во случајов се надоврзуваат на еден од најбитните делови на опкружувањето -Охридско езеро.

Сумирајќи го сето ова, предложениот дизајн се наметнува со силината на својот израз, но истовремено цврсто се врзува со локалитетот, црпејќи ја својата енергија и приказна од вечното светилиште Плаошник. Тој белег на времето во кое е создаден и ја надополнува одамна започнатата приказна. Урбанистички, овој проект е една целина која го врамува(заштитува) целиот локалитет.

Локалитетот е поврзан со пешачки платформи од дрвени даски. Нивната структура симулира сложен електронски систем. Геометриски, централниот простор на локалитетот е квадрат во кој предложената скулптура на Св.Климент, црквата Св.Пантелејмон и една точка-стојалиште, формираат рамностран триаголник со тежиште во центарот на овој простор.

Архитектонскиот пристап-без ограничување и третманот кон постоечкото како кон Светост, резултираше во кохерентен систем на испреплетени архитектонски стилови спакувани во еден заокружен простор со нагласени доминанти: Св. Пантелејмон и скулптурата Св. Климент.“

 

 

 

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.