Leave a comment...

Систем МетодиКал

Извор: 100 години Модерна архитектура, Придонесот на Македонија и Југославија ( 1918-1990)

Автор на насловот: Михаил Токарев

 

Методија Калкашлиев е роден во Струмица 1928 година, кој во 1951 година емигрирал во Бразил. Методија дипломира архитектура во Сао Пауло, а подоцна таму го формирал и студиото Планос. Сакајќи  на социо-економски и на инженерско естетски план да ја подобри масовната станбена изградба, тој го пронаоѓа индустриски префабрицираниот систем МетодиКал.

Овој комбиниран, леснопалнелен и скелетен систем набргу заживеа во практиката и привлекува големо внимание, така што се користи или пак е лиценцно откупен во 32 земји ширум светот, меѓу кои и во : САД, Велика Британија, Франција, Германија и Јапонија.

metodikal

Проект за станбена кула Ла Рошел, планирана за градење по системот Методи Кал

Системот МетодиКал го заменува дотогашниот центрифугaлен со центриперитален систем на организација на станбениот простор, при што т.н. фиксни модули ( санитарни простории) се поставени на аглите од објектот, а просториите меѓу нив и скалите слободно се распоредуваат.

Сето тоа овозможува голема заштеда на работна рака, време и енергија за подигање на становите како и заштеда на материјал и простор. Поради наведените квалитети овој систем на градење започна да се применува и при изградба на хотелски и болнички објекти.

Системот има и свои предности на обликовен план бидејќи овозможува употреба на такви префабрицирани елементи со чија помош може да се креира архитектонски израз поблизок до вкусот на конкретниот регион. Таков пример претставува станбената кула Ла Рошел, која бирото Планос ја проектира за потребите на бразилското поднебје.

— — —

Текстот е цитиран од наведениот извор

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.