Leave a comment...

Систем на киосци „Треска“

Автори: Александар Никољски, Анета Христова

Година на проектирање: 1991

Година на изведба: 1991

Производител: Треска и Фабрика за стаклопластика, Скопје

Извор: Бимас 1991

Во согласност со програмските барања за киоск во сериско производство проектиран е систем од компонибилни елементи, кои овозможува објектите да се поставуваат поединечно и од нив, со помош на продолженија да се создаваат групации.

Системот се состои од основниот елемент – корпус К, додатоците за помалиот киоск – продолжувањата П, со помош на кои се создаваат групации си додатни елементи како што се тезги и настрешници, како и опремата за трговскиот и угостителскиот киоск.

Sistem na kiosci Treska_2Основниот проблем на обликувањето, односно на надворешното влијание на киоскот во градската средина е неговата различна појавност – како поединечен, осамен објект или група. Тоа се надминува со доследното спроведување на обликовните принципи применети во основниот елемент и во проширувањата, односно ставањето на целиот систем во меѓусебни пропорциски односи. Единствениот материјал- стаклопластика, како и единствената боја на сите елементи, се јавуваат како обединувачки фактор.

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.