Leave a comment...

Соборна црква – Струмица / Рафаиловски, Богоевска, Гошева-Јаневска, Поповски

Конкурсен труд  црква „Пресвета Богородица“

 

Автори: Здравко Рафаиловски, Гордана Богоевска, Весна Гошева-Јаневска, Љубиша Поповски

Соработници: Љупка Апостоловска, Ели Арсова

Фирма: ГП „Мавровопроект“ -Скопје

Година: Јануари 1993

Локација: Струмица

Инвеститор: Македонска православна црква

Извор: Бимас ’93

„На аголно експонираната локација, вкомпонирани се објектите на: Соборниот храм, крстилницата, камбанаријата и објектот на црковната управа и постлитургиската трпезарија. Храмот е поставен на подигната платформа, во средиштето на локацијата. Применета е форма на слободно стилизиран крст, вертикалните ѕидови завршуваат со потенцијален венец на кој се надградуваат полусводови и сводови кои се надвишуваат према средиштето на храмот каде се издига куполата на Христор Пантократор.

Основа на приземје

Западната влезна фасада е посебно волуменски и ликовно обликувана со иконографски елементи на средновековни христијански храмови применети и на објекти на тлото на Македонија. Предложеното решение на Соборниот храм, со применетата форма, значењето и комуникацијата во просторот максимално приклонува и црпи инспирација од православната архитектура, но истовремено претставува квалитетен придонес, во времето на творењето, создава простор за нови пораки, сонови ликовни и просторни вредности.“

Ф.К

 

Share This:

Коментарите се затворени.