Спомен костурница – Велес 1976

November 17, 2015

Спомен костурница – Велес / 1979 година

Автори : Лубомир Денковиќ и Саво Суготин

Година: 1976 -1979

Локација: Велес

Материјалот го истражи, приложи и обработи: Моника Крстевска

12200956_1014751998548190_345527461_n

Спомен-костурниците претставуваат монументални објекти со симболична содржина како посебен вид на капели (гробници). Во нив се приложени мошти на борците кои биле жртви на одредени воени дејства.

Spomen-kosturnica-veles_Здравко Мк_wikimapia

По својата структура ги обединуваат формалните и обликовните искуства на црковното градителство збогатено со естетски и просторни квалитети.

12

Овие грандиозни силуети се во корелација со современата, ликовна и монументална архитектура и уметност. Во Македонија започнуваат со изградба во периодот меѓу двете светски војни, но особено својата афирмација ќе ја доживеат по завршување на Втората светска војна.

14

18

Импозантниот и монументален споменик – Спомен костурницата во Велес, датира како вечно почивалиште на стотина велешки борци кои загинале во НОВ.

15Идејата за формата претставува афионов цвет кој расцветува и означува раѓање на нешто ново ( од друга страна е присутна и асоцијацијата на распукан шлем – симбол на победениот фашизам ) Автори на ова грандиозно, архитектонско дело биле Саво Суготин (инженер архитект) и Љубомир Денковиќ (академски вајар) од Нови Сад. Објектот бил пуштен во употреба на 11ти Октомври 1979 од Генерал Коста Ники кој во тоа време бил претседател на “Здружение на борци на Југославија”.

13

Централно во ентериерот е поставена скулптура на расцветано дрво – симбол на слободата, а под неа се наоѓа криптата на борците. Скулптурата претставува дрво на животот и со самото будење и цутење на дрвото се симболизира раѓање на нов живот.

9

По должината на ѕидовите пак, лежи најголемиот мозаичен комплекс во Македонија од околу 220м2.

10

6Внатрешното ликовно обликување е дело на академскиот сликар од Скопје, Петар Мазев, кој преку композиција од пет делови на мозаици ја претставил историјата на македонскиот народ, започнувајки од перидот на османлиите, па се до 90-тите години на XX век. Мозаикот е изведен од природен и вештачки камен од венецијанска паста, а симболите и формите се визуелизираат преку употребата на мноштво од бои.

Во продолжение фотографии од оригиналните технички цртежи за костурницата:

Ситуација:

1. ситуација

Основа на темелење:

2. темели

Основа на приземје:

3. приземје

Основа на галерија:

4. галерија

Кров:

5. кров

6. кров

Пресек 1:

9. пресек

Пресек 2:

10. изглед

Пресек 3:

13. изглед

Пресек 4:

12. изглед

Пресек 5:

15. изглед

Пресек 6:

16. изглед

Пресек 7:

11. изглед

19

Автор на статија: