Спомен куќа на Кочо Рацин – Велес / крај на 19 век

September 5, 2016


Локација: Велес

Век: крај на XIX – почеток на ХХ

Извори:  Технички цртежи: Архитектонски факултет – Документирање и истражување на градителско наследство, Илустрации: “Велешка куќа„ – Петар Намичев, Фотографии: Крстевска Моника

 

11

Архитектурата и градителството во Велес се застапени долги години наназад, меѓу кои најзначајна е карактеристичната велешка и староградска архитектура која има оставено најголем впечаток од периодот на македонската преродба, односно од средината на XIX и почетокот на XX век. Густо населениот град кој се развивал на двата рида околу брегот на реката Вардар се одликувал со стилски воедначени куќи со свои специфични архитектонски и градителски белези. Како град на културата, во него живееле познати културни дејци чии куќи денес сведочат за архитектонските трагови и историјата на градот. Едни од поубавите куќи кои денес се градски обележја со назив на спомен куќи се комплексот Варналии, куќата на Кочо Рацин,  куќата на ЈХК – Џинот, куќата на Васил Главинов, куќата на Касапови и други.

1

Куќата на Кочо Рацин, лоцирана во Велес изградена на левата страна од брегот на реката Вардар  ја репрезентира традиционалната велешка куќа која некогаш, па и денес се смета за куќа со најатрактивна архитектура. Куќата се наоѓа на истоимената улица “Кочо Рацин„ и е изградена кон крајот на 19-от век.

10

Оваа куќа од двете страни се граничи со соседи и нема дворна површина, а се состои од приземје, кат и поткровје групирани во една неправилна форма која е прилагодена спонтано да го одсликува градското јадро и начинот на градителската концепција, согласно стрмниот терен, густата и ситна структура и форма на парцелата.

Model

Во куќата се влегува преку главната улица (сокакот) низ двокрилна дрвена врата  која води до внатрешниот трем кој претставува мал простор преку кој се спојуваат грнчарската работилница, фурната, нужникот и скалите кои водат кон катот и чардаците. Работилницата која се простира на поголема површина претставува најзначајната просторија во куќата во која грнчарското семејство ги изработувало производите, а и самиот Рацин во оваа просторија ги пишувал своите творби. Во подот на оваа просторија постои мала скривница.

Model

Качувајќи се кон скалите тие во едниот правец водат кон затворен чардак преку кој се влегува во две одаи – гостинска и соба за спиење во кои има вграден дрвен мебел и убави прозорци на ниво 1.60м , а во друиот правец тие се искачуваат кон чардак на ниво 2.50м.

Model

Од тој чардак  со искачување по еднокраки скали се доаѓа до поткровјето кое е поделено на отворен дел во вид на чардак и затворен дел во вид на просторија со три убави прозорци кои се насочуваат кон улицата.

Model

Model

Model

Model

 

Model

Чардаците постепено по катовите се испуштаат од габаритот на куќата и се насочуваат кон улицата и околината. Структурата на овие еркерно испуштени простори го дава вистинскиот дух по кој се карактеризираат овие типологии на куќи.

3

????????????????????????????????????

Градени со примена на локалните градежни материјали во комбинирани системи на камени ѕидови и лесна дрвена конструкција, приземјето е изградено од камен, а катот и поткровјето од бондручна конструкција чија бела фасада доминира со дрвените опшиви. Покривот е изведен од дрвена конструкција и покриен со ќерамиди.

????????????????????????????????????

Оваа куќа се смета за еден од најубавите белези на традиицоналната велешка архитектура. Куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни била целосно реставрирана во 1962 година.

????????????????????????????????????

Поради својата специфичност на традиционална македонска (велешка) архитектура и поради своето историско значење, оваа куќа е прогласена за споменик на културата, а со нејзината реставрација стана и спомен-музеј посветен за животот и делото на Рацин. Денес овде се наоѓаат неговите оргинални ракописи како и голем број на други спомени за негово дело и за неговиот живот.

????????????????????????????????????

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска

 

Автор на статија: