Leave a comment...

Станбено деловен објект Б4 / Христовска, Тасевска

Локација: бул. „Партизански одреди“ Скопје

Автор: Лидија Христовска, Лоза Тасевска

Консултант: Горги Константиновски

Инвеститот и изведувач: ГП „ИЛИНДЕН“

Година на проектирање и изведба: 1991-1993

Извор: Бимас 1993

Станбено-деловниот објект Б4 е лоциран на булевар Партизански одреди, наспроти Архитектонски факултет, по својата урбанистичка концепција е предвиден и решен како блок.

Приземјето и мезанинот се наменети за локали кои се решени така што се распоредени во четири реда по должината на објектот.

Пристапот до нив е од две надолжни страни и од пешачката лица која е поставена централно по должината на објектот. На двата краја на пешачката улица има скали кои водат до мезанинот кој е, исто така, решен како и приземјето.

Станбените катови се решени на принцип на ходнички систем. Вертикалната комуникација е централно поставена и лево и десно се развиваат ходници по чија должина се распоредени становите. Тие се решени како двособни и трособни.

Ф.К

Share This:

Коментарите се затворени.